Атлети
Eва Илиевска
Ева Илиевска родена 04.07.2002г. во Скопје. Студент на Медициски факултет (Тригодишни стручни студии за медицински сестри - техничари). Вработена на Универзитеска Клиника за Кардиологија. Лиценциран фитнес тренер. Со спорт се занимава 12 години. Како такмичар во Бодибилдинг и фитнес се закитува со Апсолутна победа во категорија Бикини Фитнес во 2022 година и 2023 година и си победата на Дијамнтскиот Куп Скопје 2023 добива Про карта.


Васко Мамучевски
Васко Мамучевски род.18.01.1984 година во Берово, дипломиран на Филозофски факултет на УКИМ во Скопје 2007 година, со место на живеење во Берово, е еден од најтрофејните македонски бодибилдинг натпррварувачи. Неговата кариера започнува во 2005 тата година и од тогаш има седум титули национален шампион. 2023 тата година е неговата најтрофејна година во која тој двапати станува национален шампион во категорија и апсолутен победник, четири пати станува победник на меѓународни натпревари ( Балканско првенство, Херкулес Гранд При, Паљо Класик и Дијамантски Куп Скопје) во своја категорија како и апсолутен победник, учествува на Арнолд Класик каде освојува бронзен медал.




Сања Серафимова
Од својата најрана возраст се бави со спорт. Започнува како каратистка, освојувајки неколку национални медали и како репрезентативец. Потоа преминува во атлетиката, на 400 метри и скок во далечина. Последните 8 години е дел од фитнесот, национален и репрезентативец на Македонија со настап на Европското првенство 2024. Сања, инаку професионален припадник на специјалните полициски сили се води по мотото: ако се плашиш да паднеш, никогаш нема да научиш да леташ.
Ефе Баштурк




Георги Георгиевски
Бодибилдинг Натпреварувач, Фитнес тренер, Балкански јуниорски бодибилдинг Шампион, Двократен Државен Јуниорски шампион, Државен шампион во полутешка категорија, повеќе од 20 успешни фитнес трансформации.
Контакт
Телефон : 023231380 / 076212221
E-меил : gjoroski@herkules.com.mk
Работно Време : Пон-пет од 10-17 часот
ДОБИЈ ЕКСКЛУЗИВНИ ПОНУДИ
© 2024 СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ!