Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Варијации во тренингот.
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Варијации во тренингот.
#34297
Варијации во тренингот. 4 Years, 7 Months ago Karma: 10
Прашање кое често се поставува е: “Дали е подобро да се менува тренинг планот секој пат кога се вежба иста мускулна група или да се придржувам до планот кој го користам а дава резултати ?”

Една од способностите во бодибилдингот е и умешноста за избирање на вежби и техника кои измеѓу безбројте можности кои постојат, ви одговараат баш вам. Од една страна задоволни сте што ја имате добитната комбинација и не сакате да ја менувате. Од друга страна, свесни сте дека промените го прават тренингот поинтересен и го поттикнуваат мускулниот раст. Како да се спојат овие две крајности? Едноставно: превземете ги двата пристапа.
Нормално дека стриктно неможете да ги спроведете и двата но, со малку размислување и спремност за промени, можете да го искористите најдоброто од нив. Почнете со задржување на вашиот веќе испробан режим – нека тој биде столб на вашата програма. Потоа направете промена, било да е тоа во оптеретувањето т.е. тежината, бројот на повторувања или редоследот на вежби. Така ќе го имате својот вообичаен тренинг, но освежен и изменете.

ПОВТОРУВАЊА И ОПТЕРЕТУВАЊЕ
Повремено користете екстремно големо оптовараување како би ги шокирале мускулите. Тоа значи користење на тежина со која сте во можност да направите 3-6 повторувања. Не заборавајте дека на таквите тренинзи е потребен подолг одмор помеѓу сериите. Спротивно на ова на другата страна – повремено намалето го оптеретувањето и зголемете го бројот на повторувања на 12-20. Оваквата промена ќе претставува освежување за организмот, а уморното тело со задоволство ќе го прифати полесното оптоварување. Било да тренирате лесно или тешко, вкупниот волумен на тренинг треба да остане исти (волумен = повторувања x оптеретување)

АГОЛ НА ДВИЖЕЊЕ
Мали варијации на аголот под кој мускулот е оптеретен можат да направат голема разлика во начионот на кој исиот одговара на стресот. Можеби на вас ќе ви се чини дека го поместувате аголот на косата клупа за само неколку степени, но вашите мускули на градите на тоа ќе гледаат како на целосно нова вежба – ќе бидат стимулирани на нов начин, присилени да се контрахираат на друг начин одошто се навикнати. Дали ќе ја менувате положбата на стопалата, ширината на фатот, аголот на клупата, или вежбата на сајли ја менувате со иста варијација но со слободни тежини, умерените промени ќе доведат до значајни промени во стимулацијата и растот на мускулите.

РЕДОСЛЕД НА ВЕЖБИТЕ
Во теоријата, промената на редоследот на вежбите во суштина не го менува самиот тренинг – на крајот, го користите истото оптеретување и го вложувате истиот износ на работа. Сепак промената на редоследот го менува начинот на кој вашите мускули се заморуваат, па така ги оптеретувате на различен начин. Доколку секогаш правите потисок на права клупа како прва вежба во тренингот за гради, ќе бидете донекаде послаби за вежбата коај следи после тоа. Следниот пат тренингот започнете го со коса клупа. Тоа е најбрзиот и наједноставен начин да го промените својот тренинг а да не направите драстични модификации.

Сигурен сум дека на осннова на овие неколку предлози можете да осмислите и други начини за унапредување на вашиот тренинг а да не ја менувате неговата основна концепција. Размислете и бидете креативни во развојот на нови тренинзи, и не заборавајте – секогаш давајте се од себе за да тренингот го направите поинтересен како не би ви досадило тренирањето.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
#35068
Re:Варијации во тренингот. 4 Years, 6 Months ago  
kako i sekoj drug,taka i jas se boram dolgo vreme so poslabite muskulni partii i konecno,posle dve godini eksperimentiranje,mozam da kazam deka sfativ na sto i kako reagira moeto telo...znaci,sekoj bi trebalo da proba,da menuva,zatoa sto kako sto vika Shawn Ray-ova ne e trka na 100 metri,tuku maraton...jas konecno sfativ kako da go nateram moeto telo da raste i edvaj cekam da pocnam da rabotam na slucajot...znaci,menuvajte pauza,vezbi,intenzitet,imajte denovi so slobodni i bazicni dvizenja,a i denovi so masini i sajli,imajte super serii i gigantski serii,pravete umereno drop-setovi,nekogas pocnuvajte so drop-set ili gigantska serija,nekogas zavrsuvajte...dodadete obrok plus ako imate problem so kacuvanje na muskulna masa,ili pak den plus za odmor......
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда