Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Диуретици
#33910
Диуретици 4 Years, 6 Months ago Karma: 2
Не најдов ваква тема на форумов (можеби има) но добро е да се прочита.

Бодибилдерите кои се спремаат за бодибилдинг натпревар целат кон најмускулестиот и најтврдиот изглед кој може тие да го постигнат. Ова вклучува месеци и години градење на мускулна маса, проследено од 8-12 недели рестриктивна диета комбинирана со кардиоваскуларен тренинг со цел да што повеќе да се намали нивото на телесните масти во телото, за да се постигне што подобра дефиниција на мускулите.

Судиите бараат натпреварувач кој е најголем, има најтврд изглед и изгледа најсуво на бината. Речиси никогаш, или многу ретко се случува да победи некој бодибилдер на некое натпреварување ако не е во својата врвна форма, без разлика дали е супериорен од другите натпреварувачи во мускулна маса. Колку помалку вода држи телото на натпреварувачот, толку подобар пласман ќе има. Во последната недела пред натпреварот, натпреварувачите претежно внесуваат јагленохидрати, а додека истовремено пробуваат да ја исфрлат поткожната вода за да го создадат тој исполнат и сув изглед на мускулите. Иако овие натпреварувачи изгледаат како богови на бината, поради својот изглед, тие најчесто го носат ризикот кој е поврзан со сериозни здравствени проблеми, предизвикани од недостаток на флуиди и електролити во телото.

Исфрлањето на вода од телото при подготвување за натпревар може да се изведе на неколку начини. Најчесто, сите од овие методи се применуваат. Изведување на кардио тренинг со многу облека на себе, намалување и исфрлање на сол (натриум) од исхраната, голем внес на вода, па потоа нагло намалување на внесот на вода, пиење на дестилирана вода која е без минерали и електролити, разновидни растителни екстракти кои природно исфрлаат вода од телото, и најефективните - медицинските диуретици. Сите можат да бидат опасни до одредено ниво, каде што се влијае врз природната хомеостаза на телото на флуиден и минерален баланс, кое што може да резултира со нарушување на бројни процеси во телото. Телото е свој господар, и е способен сепак да направи баланс кој е потребен за нормално функционирање на телото. Тоа може да се приспособи во повеќето случаеви , така што задржува малку вода, доволно за да го држи тој минерален баланс за да може телото да функционира како што треба. Но, диуретиците се доволно јаки за да прејдат преку овие одбранбени механизми на телото, и да создадат "хаос" во телото.
Низ историјата на бодибилдинг натпреварите, постојат неколку смртни случаеви и случаеви каде што лицата завршувале во болница токму поради овие процеси. Нивните хоспитализирања многу ретко се поради стероиди или други хормони, повреди здобиени од кревање тегови, јаки топачи на масти или од рестриктивни диети. Всушност, не постои ниту еден доказ кој е поврзан смртта на некој натпреварувач, а причинителот да се стероидите. Најчесто ваквите трагично завршени случаеви се поради употреба и злоупотреба на диуретици. Некои од најпознатите вакви случаеви се следниве:

Во 1988, професионалниот бодибилдери Albert Beckles колабирал на сцената. Тој бил веднаш хоспитализиран и дијагностициран со преголема дехидрација поради диуретици.

Во 1992, професионалниот бодибилдер Mohammed Benaziza умрел после натпревар во Европа. Резултатите од аутопсијата покажале дека бил премногу дехидриран и се здобил со оштетувања на срцето. Тој имал само 33 години, и користел неколку вида на диуретици.

Во 1994 година, Paul Dillet буквално се замрзнал од грчеви на сцената додека позирал на Arnold Classic. Тој бил изнесен од бината, и неговиот проблем бил сличен, ова било предизвикано од преголема дехидрација и минерален дизбаланс предизвикано од употребата на Lasix. Paul преживеал.

Случајот во 1996 со Andreas Munzer завршил трагично поради употреба на диуретиците. Тој бил познат по својата многу сува форма, а починал поради откажување на работата на црниот дроб и бубрезите , кои според аутопсијата откажале поради комплетниот минерален дизбаланс.

Постојат и многу други вакви случаеви, кои не биле објавени од страна на медиумите. За да разберете зашто толку се штетни диуретиците, прво мора да ги разгледаме неколкуте вида што постојат.

Постојат 3 вида на диуретици - Osmotic diuretics, Potassium-sparing diuretics и Loop diuretics.

Osmotic diuretics - Овие се инјективни лекови, кои делуваат на тој начин што им "командаат" на бубрезите да исфрлат се што влегува внатре.Тоа значи, тие ја исфрлаат целата вода од телото, освен онаа која е потребна за електролитски баланс. Овие диуретици ја заменуваат функцијата на бубрезите, и може да предизвикаат оштетувања на истите. Овој вид на диуретици не се многу често користени во бодибилдингот.

Potassium-sparing diuretics - Овој вид на диуретици се нешто послаби, но и тие предизвикуваат некаков вид на проблеми. Тие ја намалуваат реапсорбцијата на натриум и вода преку бубрезите и ги изфрлаат од телото. Но тие не го исфрлаат калиумот од телото. Овие се спороделувачки и потолерантни, тие може да предизвикаат вишок на калиум во телото. Ова може да предизвика, во најекстремните случаеви дизритмија (нерегуларни отчукувања на срцето) и во најлошите случаеви ненадејна смрт.

Loop diuretics - Овие диуретици се најчесто користените во бодибилдингот и најголемите причинители за хоспитализирања и смртни случаеви. Furomiside ( попознат како Lasix ), е најлесно достапниот диуретик и најупотребуваниот кој е лесно достапен и доста ефтин. Loop diuretics се најчесто користени во медицината за лечење на висок крвен притисок и едема; и во некои случаеви труење на крвта и исфрлање на токсините. Овие диуретици влијаат директно на бубрезите така што ги исфрлаат сите течности кои доаѓаат преку нив. Тие имаат големо влијание врз електролитскиот баланс и буквално ги исфрлаат калиумот, натриумот и калциумот од телото. Несаканите ефекти се нагло паѓање на крвниот притисок, згуснување на крвта ( предизвикано од недостаток од флуиди ), несвестица, есктремни грчеви поради електролитскиот дизбаланс, па дури и смрт поради грчеви на срцевиот мускул. Овој лек е многу моќен, и кога е комбиниран со други лекови за исфрлање на вода кои ги користат бодибилдерите при подготовка за натпревар, многу често поради невнимание може да предизвикаат последици на здравјето.
Terminator
Expert Boarder
Posts: 146
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда