Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Тренинг на цело тело VS сплит тренинг
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Тренинг на цело тело VS сплит тренинг
#31135
Тренинг на цело тело VS сплит тренинг 5 Years, 2 Months ago Karma: 10
Тренинг за цело тело или сплит тренинг ? Кој е подобар ? Повеќето би го избрале сплит тренингот бидејќи во последните неколку години тој е најзастапен во бодибилдингот и се применува од страна на поголем број познати бодибилдери и тренери. Но сепак и двата вида на тренинг имаат одредени предности кои можат да помогнат во полесно остварување на целта. Во овој текст ќе бидат напишани предностите и на двата вида на тренинг, па според вашате цел, на вас останува да одлучите кој ќе го применувате.
ПРЕДНОСТИ НА ТРЕНИНГОТ ЗА ЦЕЛО ТЕЛО:
Предност #1 Почесто стимулирање на мускулите
Што почесно се стимулираат мускулите, толку поголеми ќе растат ( со претпоставка дека тренирате одморени и ги вежбате мускулите со различeн начин на стимулирање преку варирање на бројот на повторувања и сл.)
Со тренингот за цело тело можете да ги стимулирате т.е. вежбате големите мускулни групи 3-4 пати неделно. Тоа е огромна количина на стимулирање која му се дава на мускулот. Да пробате ова да го правите со сплит програма, најверојатно ќе имате најмалку 3-4 тренинга ДНЕВНО. Не само што тоа би било непрактично, невозможно, непосакувано и секоја друг збор кој почнува со "не", туку тоа веќе не би ни било сплит тренинг.
Предност #2 Повеќе потрошена енергија за време на тренингот
За време на тренингот за цело тело се троши повеќе енергија одколку за време на сплит тренингот, поради големата количина на мускулна маса која се употребува за време на тренингот.
Размилете вака, за што е потребно повеќе енергија, за тренинг на бицепс/трицепс или за тренинг кој започнува со чучњеви, потоа следат пропаѓања, згибови, мртво подигање? Ако сте ја одбрале втората опција, во право сте. Но доколку сте ја избрале првата опција сигурно спаѓате во групат на вежбачи кои неделно вежбаат по 8 пати раце.
Како и да е, тренингот за цело тело ќе ви овозможи да си одберете една од следниве опции:
1) да јадете повеќе без да добиете додатно сало
2) да ги прескокнете досадните 15 минути кардио после тежинскиот тренинг
3) да ја зголемите масата со добивање на малку или воопшто без добивање сало, а во некои случаи и со губење на сало
Лично јас, би ја одбрал првата опција, но на крајот одлуката е на вас.
Преднос #3 Поголемо празнење кое доведува до поголема компензација
Тренингот на цело тело го остава вашето тело во шок. После таков вид на тренинг доаѓа до нанесување на голема микротраума, деградација на протеинот и празнење на гликогенот, што го остава вашето тело во најдобра ситуација за искористување на нутриентите и одвивање на анаболизам. Доколку се обезбедат потребните нутриенти на телото кои му се потребни, ќе се дојде до поголем ефект на компензација, кој неможе да се постигне кај сплит тренингот.
Преднос #4 Поголема стимулација на анаболичките хормони
Стимулирањето т.е. употребата на поголема мускулна маса во еден тренинг доведува до поголем пораст на концентрацијата на анаболичките хормони во плазмата. Поради тоа што овој пораст е краткотраен, спорно е дали воопшто има некое фактичко влијание врз растот на мускулите. Сепак, сметам дека макар и краткотраен пораст во количината на анаболичките хормони е од значење бидејќи настанува во текот на осетливи моменти (кога телото е спремно на анаболизам и кога се конзумираат големи количини на нутриенти).

Ок, на ред е да ги разгледаме ПРЕДНОСТИТЕ НА СПЛИТ ТРЕНИНГОТ
Предност #1 Помал замор = поголеми тежини
Прво, поради својата природа, тренингот за цело тело наспроти позитивната особина дека е енергетски "поскап" од сплит тренингот, е и далеку понапорен, што и не е баш најдобро за вежбите кои се изведуваат во крајниот дел на тренингот. Додека дојдете до третата или четвртата сложена вежба која активира голем број мускулни групи, тежините кои се користат ќе бидат помали поради ОПШТИОТ замор.
Исто така земете го во предвит и ПОСЕБНИОТ замор на кој е изложена секоја мускулна група во ситуации кога се изведуваат повеќе сложени вежби кои зафаќаат т.е. стимулираат исти мускулни групи. Пример, работите military press одкако веќе рамењата ви се растурерни од потисокот на бенч и пропаѓањата, и тежините кои треба да ги одберете ќе бидат драстично помали од они кои типично би ги користиле ако работите military press како прва вежба во посебен тренинг за рамо.
Со примената на сплит тренинг се јавува доста помал општ замор, а специфичниот замор (ако се организирате складно) дури и не постои. Односно со антагонистички пристап кон сплит тренингот, ефикасноста дури ќе биде појачана. Со оптеретување на мускулната група со најголемиот можен терет ќе се убрза преоптеретувањето и адаптацијата на телото, што за возврат ќе има очигледно позитивни ефекти на силата и големината.
Предност #2 Поголема посветеност на секоја мускулна група
Непотребно е да се нагласува дека ако имате само две мускулни групи на кои треба да се посветите во еден тренинг, а не цело тело, дека тие две мускулни групи ќе добиат целосно внимание, што најверојатно ќе резултира со поконкретна микротраума и адаптација. Може да се каже дека кај сплит тренингот се дава приоритет на секоја мускулна група, додека кај тренингот за цело тело ништо нема приоритет.
Можеби ова е малку екстремно кажано, но не е далеку од вистината. Да, тренингот за цело тело има мноштво единствени приоритети, но практично не е возможно да се посвети на секоја мускулна група целосното внимание кое го има кај сплит тренингот кога се вежба цело тело во една тренинг сесија. И не само тоа, можноста да го насочите целосниот напор на една или две работи, води до поголем квалитет на тренингот.
Мислете на работната седмица и на се што треба да завршите до петок. Дали повеќе ќе постигнете концентрирајќи се на една или на две работи во исто време (а дури после тоа да преминете на следната или на следните две), или повеќе ќе постигнете пробуваќи да завршите се истовремено? Претпоставувам дека ќе бидете повеќе мотивирани и дека ќе постигнете повеќе со првиот пристап на работа. Слично на тоа, многу пати тренинзите за цело тело се половично одработени, затоа што има премногу за работа. Ако се дојде до ова, нема баш да ги почувствувате благодетите на тренингот за цело тело.
Предност #3 Помали се шансите за претренираност
Тренинзите за цело тело се долги и исцрпувачки. И покрај многуте погодности, многу вежбачи едноставно не можат да издржат ваков начин на тренирање подолг временски период.
Со сплит тренингот можете да добиете интензивен, високо квалитетен тренинг, одприлика за пола час. Ќе ја напуштите теретаната чувствувајќи се свежи, мотивирани и со чувство на задоволство. Не ги потценувајте важностите на овие предности. Што повеќе се радувате при заминувањето од теретана, толку повеќе ќе сакате да се вратите повторно, и наредниот тренинг ќе имате поголема желба за постигнување и остварување на вашите цели.
Кога ќе почне да ви се гади од самата помисла на наредниот тренинг, може да бидете сигурни дека на вашиот CNS (централен нервен систем) му е доста и настапува претренираноста. Во тој момент, било каков тренинг во теретана ќе биде далеку помалку продуктивен одколку што би бил кога тренирате мотивирани со одморен CNS.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2012/11/17 04:50 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда