Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Мртво дигање - 5 причини зошто да го вежбате
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Мртво дигање - 5 причини зошто да го вежбате
#30918
Мртво дигање - 5 причини зошто да го вежбате 5 Years, 5 Months ago Karma: 10
После чучњевите, мртвото дигање е најефикасната вежба која може да се прави во теретана. Мртвото дигање спаѓа во вежбите кои активираат повеќе мускулни групи, па така со оваа вежба ќе активирате повеќе мускули, почнувајќи од трапезот па се до листовите. Бодибилдерите, натпреварувачите во кревање товар, и голем број други спортисти наназад во исотијата ја користеле оваа уникатна вежба за да се здобиат со огромна сила, мускулна маса и да ги подобрат целокупните атлетски способности. Во текстот ќе бидат напишани петте причини зошто секој што тренира во теретана, без разлика дали рекреативно или натпреварувачки, треба да ја применува оваа вежба.
1.Мртвото дигање го стимулира растот на целокупната мускулатура на телото
Повеќето вежбачи мртвото дигање го категоризираат како вежба за грбот, но всушност тоа е вежба за целото тело. На почетокот од изведување на вежбата се активираат нозете (предна и задна ложа) за да се подигне тежината од подот. Долниот дел на грбот (половината) исто така се стимулира уште на почетокот на движењето и останува под постојана тензија додека трајат повторувањата. Од средината на движењето па се до крајот (до заклучувањето) латисимусот, трапезот и ромбоидите се тие кои се оптеретуваат за тежината да се држи блиску до телото. На крајот, подлактицата, бицепсот и стисокот на раката се тие кои придонесуваат да се задржи тешката тежина во рацете.
2.Направето го грбот што е можно поголем
Мртвото дигање покрај тоа што активира и други мускули освен делниот и горниод тел на грбот, тоа е една од најдобрите вежби за да го направите грбот што е можно поголем. Мртвото дигање е неопходно за постигнување на тој "густ" изглед на грбот кој едноставно изгледа моќно. На натпреварите за кревање тежини, натпреварувачите кои креваат најголеми тежини на мртво дигање секогаш имаат голем и густ грб и трапези. На натпреварите за бодибилдинг, натпреварувачите кои се најдоминантни во позите за грб исто така најчесто се тие кои се познати по својата сила на мртвото дигање. Згибовите и веслањето се исто многу важни, но никогаш нема да го постигнете максималниот потенцијал доколку не го правите мртвото дигање.

3.Развивање на железен ститок на раката
Доколку не користите фитили, мртвото дигање ќе ја развие силата на стисокот енормно. Подлактиците и рацете ја зголемуваат силата и големината со тоа што се прилагодуваат на тежината со која останатиот дел од телото се справува. Силата на стисокот не е важна само за другите вежби од тежинскиот тренинг, туку и за секој спорт во кој е вклучено зграпчување, држење или фрлање (пример ракомет). Бидејќи рацете се "алатката" преку која се пренесува силата на телото кон друг предмет (во бодибилдингот тоа се шипките, бучиците...), стисокот може да ја подобри целокупната сила.
4.Мртвото дигање во секојдневните ситуации
Сигурно имате слушнато за поимот "функционална сила" кој најдобро може да се објасни преку мртвото дигање. Најпрост пример во секојдневните ситуации е подигање на ствари од земјата, посебно некој потешки ствари за кои е потребно да имате цврста половина и силен стисок на рацете. Понатаму, скоро во секој контактен спорт се сретнуваме со безброј ситуации кои предизвикуваат голем и брз трансвер на енергија од долниот дел на телото кон горниот дел на телото или кон некој друг предмет.
5.Одличен тренинг за стомачните
Исто како и секоја друга вежба која го оптеретува долниот дел на грбот, мртвото дигање тешко ги оптеретува стомалните мускули. Стомачните мускули се напнати и стегнати за време на движењето за да му помогнат на долниот дел на грбот да остане во згчена (контракциска) форма и испапчен (свиткан во форма на лак). Доколку никогаш претходно немате правено мртво дигање, првите неколку тренинзи вашите стомачни ќе бидат оптеретени повеќе од било кој тренинг за стомачни што го имате правено претходно.
Покрај овие причини постојат и многу други, како на пример на мртвото дигање може да се користи најголема тежина за разлика од повеќето вежби, што значи дека на телото му се нанесува поголем стрес, со што се зголемува лачењето на тестостеронот или друга причина, како што беше напишано со мртвото дигање се активираат скоро сите мускули на телото, па со тоа и се троши најголема енергија т.е. калории, па така оваа вежба може да ви послужи и кога сакате да ја намалите телесната тежина. Постојат безброј други причини, но најдобро е самите да ги откриете.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда