Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Тежинскиот тренинг и тинејџерите.
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Тежинскиот тренинг и тинејџерите.
#34284
Тежинскиот тренинг и тинејџерите. 4 Years, 7 Months ago Karma: 10
Пред да се каже нешто на оваа тема, треба да се има на ум дека тренингот со тегови (поготово такмичарскиот дел) и не е за оние помладите од 18 години, не поради тоа што ќе престанат да растат и развиваат или дека е штетно за нивното здравје или слично, туку се работи за тоа дека ако нивнвата цел е сериозно да се занимаваат со овој спорт тогаш неможеме а да не го споменеме најбитниот фактор а тоа се ПАРИТЕ. Тинејџерите нема да можат да финансираат се од својот џепарлак, но доколку сте одлучни и истрајни и се впуштите во начинот на живот наречен бодибилдинг, еве ви неколку добри совети.

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ
Ако сакате сериозно да се занимавате со овој спорт (или било кој друг спорт) тогаш најдобро е стручно да се информирате за спортот со кој сакате да се занимавате. Заборавете на тоа дека после 2-3 прочинати текста на интернет или 2 минутен разговор со најголемиот батка во вашата теретана ќе станете експерт. Ова е таков вид спорт каде што и најмалиот детал (исхрана, тренинг, одмор) е од голема важност и доволно е да во еден од претходно наведените погрешите и се да падне во вода. Читајте што повеќе, прашувајте ги успешните тренери и такмичари. И после повеќегодишно искуство со овој спорт ќе наидете на некој нови работи кои претходно не сте ги знаеле.

ПОСТАВЕТЕ РЕАЛНИ ЦЕЛИ
Не си поставувајте веднаш за цел да бидете светски првак или кога ќе матурирате да изгледате како Рони Колеман. Тоа е погрешен пристап. Треба да започнете чекор по чекор, да поставувате помали цели кои се реални и достапни за исполнување. Ако така работите секогаш ќе напредувате и ќе имате успех и баш поради тие успеси ќе имате уште повеќе мотивација да истраете во вашата цел.

ИЗБЕРЕТЕ ИДОЛ
Кога треба да се избира идол, потребно е да имате неколку работи на ум. При изборот гледајте на тоа и каков човек е вашиот идол, а не само на неговите резултати. Поготово ако сте малд бидејќи вие сте уште во таков период каде се формира способноста за пресудување. Тоа е и нермално, проблемот е во тоа што данас има се повеќе постари луѓе кои веруваат на се што ќе слушнат на ТВ, радио , или ќе прочитаат нашто во списание.... но тоа е веќе друга тема.

ЗБОРУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ
Важно е да зборувате со нив на оваа тема и да им објасните како функционира овај спорт, дека ќе бидете многу поздрави. Да има раскажете дека суплементите не се допинг средства, дека нема од нив да ви испаѓа косата и сл. Додатоците на исхрана ви користат да му обезбедите на организмот потребната количина на протеини, витамини и минерали кои преку редовна исхрана не можете да ги внесете во количината која ви е потребна. Од сега повеќе внимание ќе посветувате на исхраната, и дека одсега немора да купуваат чоколадо, пудинг или други слатки работи за тебе, и повеќе ќе се радувате ако ви купат пилешко месо, риба, ориз и сл. Ќе ги убедите дека веќе немора да се плашат дека ќе пиете алкохол или ќе користите дрога на забава бидејќи сериозното бавење со овој спорт, алкохолот и дрогата не идат заедно. Покажете им снимка од тренингот на вашиот идол. Раскажете им ја вашата цел, затоа што кога ќе видат колку сте информирани за својот спорт и сте самоуверени во својата цел и тие послесно и побрзо ќе го прифатат тоа. Ако е потребно за тоа зборувајте и секој ден, бидете трпеливи, но не и досадни.

НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ
Многумина претеруваат во теретана со својата нестрпливост. Мислат дека ако вежбаат со големи тежини побрзо ќе станат поголеми. Тоа не е вистина. Ова не е спринт, ова е маратон. За големите тежини е потребно години вежбање и многу пот за време на тренинзите, а тоа не доаѓа преку ноќ. Нетреба на никој да се докажувате, важно е ТИ да се чувствуваш убаво!

Ако ги послушате овие совети и се придржувате кон нив, тогаш сте на добар пат да еден ден ги остварите вашите цели.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
#35209
Re:Тежинскиот тренинг и тинејџерите. 4 Years, 5 Months ago  
Interesna tema,koja zasluzuva poveke vnimanie...
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
#35211
Re:Тежинскиот тренинг и тинејџерите. 4 Years, 5 Months ago  
ova ne e sprint ova e maraton...
No sepak do den deneska nemozam da gi ubedam moite doma deka Suplementi fakticki se pomagala ) a ne "Doping sredstva "
No kako i da e sega za 2 meseci polnam 17 i vekje koristam Kreatin, gejner, protein
I am MUTANT
Vladimirtrk

The administrator has disabled public write access.
 
#35212
Re:Тежинскиот тренинг и тинејџерите. 4 Years, 5 Months ago  
znaci,suplementi se dodatoci vo ishranata,objasni im vaka-eden dozer protein,zamenuva priblizno 100g pileski stek,razlikata e sto vkusot e drug,a i potekloto mu e od mleko...site sumlivi tabletki(multivitamini,minerali..),site onie tabletki magnezium,kalcium,zinc,tabletki na baza na ekstrakt od zelen caj i se ona koe se naoga po raftovite na aptekite ne e razlicno..mozebi poznavas nekoja zena koja posle menopauza koristi herbalni suplementi za olesnuvanje na postmenopauzalni tegobi(pr. feminorm),ili pak lekovite koi se koristat kaj maskiot pol(spermotrend,kamagra-onaa bilnata,ne sildenafilot)...ili pak suplementite za podobruvanje na imunitetot...seto toa se dodatoci vo ishranata...ako i pokraj se ne ti veruvaat,slobodno pokazi im go ova,jas sum d-r Aleksandar Stojmenov 148369,specijalizant po interna medicina...pozdrav
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
#35219
Re:Тежинскиот тренинг и тинејџерите. 4 Years, 5 Months ago Karma: 10
Jas istoto im go kazav za proteinot na moite prv pat koga kupiv... deka namesto da jadam stek ili nekojlku jajca ke zemam doza protein... i odgovorot bese, ako ti e tesko da ja spremas hranata, kazi nie ke ja gotvime ama prasoci ne pij... i im kazav koga ste bolni namesto kilo limoni za vitamin C zaso piete 1 tabletka.. i odgovor nemase
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда