Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Што е добар тренинг партнер ?
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Што е добар тренинг партнер ?
#31416
Што е добар тренинг партнер ? 5 Years, 4 Months ago Karma: 10
Во многу теретани може да се види како НЕ ТРЕБА да се помага, многу тренинг техники се изведуваат неправилно, и тоа баш поради тие "лоши" тренинг партнери. Многу луѓе всушност и не знаат што значи правилно помагање.

Добар тренинг партнер е тука за да одредена вежба можете да ја изработите сигурно, без страв дека ќе се повредите кога користите максимални тежини. Покрај тоа добро е да имате тренинг партнер кога користите одредени тренинг техники, како на пример, drop серии, кога треба теговите брзо да се извадат, или кога после големите тежини сакате да направите серија "пумпање". Покрај ова тренинг партнерот треба да има мотивирачка улога, постојано да ве мотивира додека вежбате. Меѓутоа задачата на тренинг партнерот НЕ Е да ја крева тежината наместо вас. Со тоа не му помагате на тренинг партнерот - ако толку му помагате, што тој без вас не би можел ни да го помести тегот, а со вас прави серија, со тоа повеќе му одмагате. Тоа не значи дека тренинг партнерот не треба да биде сконцентриран 100% на вас и да гледа девојки наоколу по теретаната, и кога ќе почне тегот да паѓа, тој брзо да ја дофати шипката и да го подигне. Ниту пак кога ќе забележите дека на тренинг партнерот не му оди, само да стоите и да гледате.



Тогаш каков треба да биде еден ДОБАР тренинг партнер ?
Добриот тренинг партнер знае дека задача му е да помогне безбедно да ја направите својата вежба, да ве мотивира, и само во краен случај да ви помогне, веќе кога шипката ќе ЗАСТАНЕ, а не кога ќе почне тегот да ви се враќа! За пример ја земаме една од омилените вежби каде најчесто е потребна помош, а тоа е бенчот. Во самиот старт на оваа вежба ви е потребна помош да го извадите тегот од сталката, но доколку не кревате големи тежини или ако не одете на својот максимум тој ден, тогаш и сами можете да ја извадите.

Значи сте почанале да работите бенч, прво правило кое мора да го почитувате како нечиј тренинг партнер е:
1 ПРАВИЛО
Не ја допирајте шипката! Можете со рацете да го следите движењето на тегот, но не смеете да ја допирате шипката ниту со еден прст како што прават многумина. Неможете ни да замислите колку многу сте "помогнале" на тој начин, а не сте ни свесни за тоа. Многумина во вакви случаи велат: "Само малце помогнав, само со еден прст." Не правете го тоа затоа што не знаете колку сте помогнале. Единствен сигурен начин е ако тренинг партнерот не ја допре шипката ниту со еден прст, инаку никогаш нема да знаете колку всушност можете сам да подигнете на бенч доколку постојано ви помагаат.
2 ПРАВИЛО
Не помагајте прерано. Нема полошо од тоа кога чувствувате дека можете да го завршите повторувањето сами, и одеднаш тегот лета нагоре затоа што тренинг партнерот мислел дека не можете и одлучил да ви помогне. Само тогаш помагајте (ова е најважно) кога тегот очигледно застанал и не мрда и нема никакви шанси да се подигне! Се додека шипката оди нагоре НЕ ПОМАГАЈ! Штом го допрете тегот со тоа напорите на својот тренинг партнер ги правите бесмислени.
3 ПРАВИЛО
Кога шипката ќе застане, во тој ист момент почнете да помагате, но внимавајте да НЕ ја кревате целата тежина, туку само да помогнете да се подигне тегот. Дигнете го тегот само тогаш кога вашиот тренинг партнер изричито го бара тоа од вас.



4 ПРАВИЛО
Кога помагате обратете внимание и со двете раце да помагате рамномерно на двете страни. Ова правило важи и кај чучњевите на пример. Бидејќи ако на едната страна помагате повеќе одколку на другата страна тогаш како прво може да дојде до несреќен случај, да падне тегот поради дисбаланс и да се повредите, а во подобар случај може да дојде до тоа да едната страна каде постојано повеќе ви помагаат да биде послаба.
5 ПРАВИЛО
Додека вашиот тренинг партнер работи бенч и вие му помагате тогаш НЕ ПОСТОИ НИКОЈ ДРУГ освен вас. Не гледате други, не разговарате со никој, бидејќи доволно е мало невнимание да дојде до катастрофа. Не само физички, бидте присутни и физички.

Само толку. Не е ништо комплицирано. Ова се - ако научиме - мали работи, но многу помагаат во тренингот. Во многу теретани имам видено повеќе "лоши" тренинг партнери, одколку добри. Некој од горе напишаните правила нормално не одговараат за одредени тренинг техники, како на пример, вежбањето со максимална тежина, но ПОГОТОВО во таков случај потребно е паметно да се помага и вашиот тренинг партнер да има што поголема корист од тренингот и вашата помош.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2012/12/08 04:10 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
#31419
Re:Што е добар тренинг партнер ? 5 Years, 4 Months ago Karma: 5
Многу битна работа е, затоа пазете кого избирате за тренинг партнер


TrajcheE
Gold Boarder
Posts: 263
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male trajchebodyfitness Location: Гевгелија Birthday: 02/07
The administrator has disabled public write access.
EAT TO WORKOUT, NOT WORKOUT TO EAT!

„Не значи ако си поголем на изглед од твоите во генерација си бодибилдер„ - mafmaf
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда