Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Ефективен тренинг за стомачни од старата школа
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Ефективен тренинг за стомачни од старата школа
#31382
Ефективен тренинг за стомачни од старата школа 5 Years, 4 Months ago Karma: 10
Често се поставуваат прашања од типот "Кој вежби да ги работам за стомачни?" или не дај боже некој да е многу начитан, па истото прашање го прашува користејќи западњачка терминологија од типот "вежби за core". После вакви прашања се добива јасна слика за каков тип на вежбач станува збор. Денес вежбите за "core" се "главна фора" и покрај фактот што вежбањето на неsтабилни површини нема никаков преност во реалниот свет, а на спортот најмалку, нo и понатаму некој може да ве купи со идеите за вибрирачки плочи, баланс тискови и слични бескорисни ствари. Кога некој започнува со некоја нова работа, или некоја активност, со која до тој момент се нема сретнато, обично се започнува од почеток. Прво се учи како биле работите на почетокот, како се развивале и до каде се стигнати. Доколку така пристапиме и кон бодибилдингот, лесно ќе увидиме дека тренингот не е променет нешто драстично во последните 70 години. Луѓето дефинитивно немаат еволуирано во текот на тој период и нема причина да се тренира на некој друг начин поразличен од тој во времето на "прадедовците" на бодивилдингот. Во тоа времен немало "специјални" направи со кои би се подобрила вашата способност да глумите циркуски жонглер, а луѓето биле исто јаки како и денес и биле подеднакво развиени како и денес. Тренингот за стомачни е бил едноставен и што е побитно, не одземал многу време. Но пред да ја откријам "тајната" за тренингот за стомачни, треба прво да се постави прашањето - дали ви е воопшто потребен тренингот за стомачни?


Денеска сите се надеваат дека, ако вежбаат стомачни, некое утро кога ќе се разбудат ќе имаат тело како од насловните страни на фитнес списанијата. Бескрајните часови поминати "растурајќи" го абдоменот, се троши само заради естетски впечаток, но, ако упорно се повторува, не ги дава посакуваните резултати. Доколку чучњевите ви се основна вежба во тренингот за нозе, а омилена вежба за бицепс ви е прегиб со еднорачни тегови, тогаш, апсолутно нема ни потреба да ги вежбате стомачните. Ни еден професионален билдер не вежба стомачни се до неколку недели пред такмичење.

За дел од ова заслужен е фактот дека стомачните нема да реагираат на тренинг подолго од месец до месец и половина. После тој период секој понатамошен напредок престанува, посебно кај тренингот со голем број на повторувања. Вака нема да се зголеми ниту масата ниту силата на стомачните, а дефинитивно нема да се поправи нивната видливост, бидејќи за тоа е заслужен начинот на исхрана. Од друга страна пак, старите билдери правеле вежби како што е стоечки потисок над глава. Со оваа вежба се работат и рамењата и рацете и градите, а најмногу се работат стомачните мускули, или славниот "core". За време на овакво движење стомачните мускули стануваат функционално активни, стабилизирајќи го централниот дел на телото, како вежбата би можела да се изведува правилно.

Доста често по теретаните може да се сретнат вежбачи кои прават страничен прегиб на торзото со еднорачен тег. Ова е наводно добра вежба за кинење на салото од страничените делови на стомакот, а вистината е сосема спротивна... Доколку се користат доволно големи тегови, само ќе се зголеми масата, и уште повеќе ќе се рашири струкот. Среќа, па никој не користи доволно големи тегови за да го предизвика овој ефект. Еднорачен потисок со бучица над глава - тоа е името на најдобрата вежба за јакнење на страничните стомачни мускули. Оваа вежба повторно исто ги работи и рамењата и трицепсот и трапезот, а истовремено ги зајакнува и страничните и централните стомачни.

На крајот би ве запрашал: Дали би поминале 30 минути правејќи некои движења за стомачни кои нема да дадат резултат, ниту ќе помогнат да го добиете посакуваниот изглед, или попрво би се определиле за тренинг на стомачните каде што не правите вежби директно за стомачните мускули, а даваат далеку повеќе резултати за целото тело? Доколку втората варијанта е вашиот одговор, практикувајте некоја од погоре наведените вежби заедно со основните сложени вежби, како што се чучњевите и мртвото подигање и стомачните мускули секогаш 'е ви бидат под терет.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2012/12/05 03:01 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
#31388
Re:Ефективен тренинг за стомачни од старата школа 5 Years, 4 Months ago Karma: 2
Imam lichno zabelezano deka koga vezbam doma ili vo teretana, ne e bitno, sklekovi so podignati noze na klupa, t.e. sklekovi za gorniot del od gradite, naredniot den osekjam vospalenie na cel stomachen zid, a najmnogu na serratus anterior, ili muskulot nad megjurebrenite, izmegju gradite i grbot.
Skeptic
Senior Boarder
Posts: 40
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
The administrator has disabled public write access.
 
#31389
Re:Ефективен тренинг за стомачни од старата школа 5 Years, 4 Months ago Karma: 24
Skeptic wrote:
Imam lichno zabelezano deka koga vezbam doma ili vo teretana, ne e bitno, sklekovi so podignati noze na klupa, t.e. sklekovi za gorniot del od gradite, naredniot den osekjam vospalenie na cel stomachen zid, a najmnogu na serratus anterior, ili muskulot nad megjurebrenite, izmegju gradite i grbot.

Zatoa sto koga se koristat racete i nozete kako potpora i teloto e vo horizontalna polozba, stomacnite muskuli se vo kontrakcija, sto e slicna pozicija na toa sto ti go opisa.

Inaku vezbata se vika - Plank - i e edna od najefektivnite vezbi za stomacni muskuli i takanarecenite "core" muskuli.

mafmaf
Moderator
Posts: 583
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2012/12/05 21:18 By mafmaf.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда