Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

За сите што не тренираат нозе
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: За сите што не тренираат нозе
#31299
За сите што не тренираат нозе 5 Years, 1 Month ago Karma: 10
Денес голем број на луѓе имаат заборавено колку е важна физичката активност за општо здравје, како и за физичкиот изглед. Бодибилдингот и фитнесот се потребен за секого. Потенцијал за мускулен развој има секој од нас, само во прашање е волјата и желбата за остварувањето на таа цел. Кога ќе погледнете која и да било фотографија од некој бодибилдер или спортист - дали приметувате кој дел од телото во однос на другите добива помало оптеретување за време на тренингот?- Нозете. Поголемиот дел од вежбачите не пристапуваат доволно озбилно на тренингот за нозе. Ефективен тренинг за нозе, бара многу физичка енергија и предизвикува поголема болка од било кој друг тренинг. Без тие цврсти темели не е можно да се подигне вториот спрат, затоа потребно е да имате посебен тренинг во кој мокасимално ќе се посветите на нозете.
Нозете за спортистите се важен дел од телото и на нив се наоѓа најголемиот дел од мускулната маса. Нозете, после стомачните мускули се најатрактивниот дел на телото.
Секој може релативно лесно да ги развие градите и стомакот, но за нозете е потребно многу повеќе работа. Овој мускул е најмасивен и содржи најголем број мускулни влакна и за да има дадете облик и маса неопходно е да се стимулираат јако, со големи тежини, редовно да се истегаат а притоа да се задржи ниското ниво на масти на телото.
Она што повеќето вежбачи го мразат е да работат чучњеви, а тие претставуваат основна вежба во секоја програма за нозе. И тие што ги работат, грешат што ги прават неправилно т.е. се фокусираат да подигнат што поголема тежина, не размуслувајќи дали правилно го изведуваат движењето. Доколку ги правите чучњевите максимално правилно со најголем интензитет, тогаш сте го завршиле поголемиот дел од работата за нозе. Доколку некој поради некоја причина не може да ги прави чучњевите, тогаш во тренингот уфрлете некоја друга вежба. Чучњевите можат да предизвикаат многу јака болка и непријатност, но секој кој е во можност да ги прави, не треба тоа да го избегнува.

Доколку имате проблеми со грбот или колената, тогаш пресата за нозе (leg press) е одлична алтернатива наместо чучњевите. Освен тоа оваа вежба ви овозможува да работите со големи тежини, а да не го оптеретувате долниот дел на грбот. Но запомнете дека никогаш не треба да ја жртвувате правилната форма на изведување за смета на поголема тежина.
Следна вежба која морате да ја вклучите во вашиот тренинг за нозе е исчекор. Оваа вежба ги активира мускулите на глутеусот, задната ложа и квадрацепсот. Исчекорот ќе го подигне вашиот тренинг на повисоко ниво, но како што беше напишано претходно, пред се внимавајте на техниката како ја изведувате оваа вежба.
Последна вежба е шутирање и може да ја правите како почетна или последна вежба во тренингот за нозе. Оваа вежба е одлична за квадрацепсот бидејќи ќе го изолира максимално, не врши притисок на колената и долниот дел на грбот и ја дава потребната сепарација на вашите бутови. Може да се работи и секоја нога поединечно.
На крајот на секој тренинг потребно е добро да ги истегнете нозете, како квадрацепсот така и задната ложа.
За оние понапредните вежбачи или такмичарите пожелно е да еден ден посебно посветат само на вежбите за задна ложа и глутеус. На тој начин сигурно ќе добиете многу на обемот и обликот на вашите нозе, што со сигурност ќе биде забележано од сите на нареднот натпревар.
Поребно е многу волја, желба и многу чучњеви за да се дојде до целта, но не се откажувајте!
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2012/11/29 09:03 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда