Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Слободни тежини vs. Справи
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Слободни тежини vs. Справи
#30039
Слободни тежини vs. Справи 5 Years, 8 Months ago Karma: 10

Веќе подолго време слушаме разни аргументи што е подобро да се користи кога вежбаме, слободни тежини, или справи.Во овој текст ќе бидат напишани предностите и слабостите при вежбање и со слободните тежини и со справите.
1)Сила и баланс: Слободните тежини овозможуваат повисоко ниво на сила и баланс кај луѓето кои ги користат при вежбањето. Тие кои вежбаат со слободни тежини побрзо ќе ја зголемат силата одколку тие што користат справи.
2)Подвижност: И слободните тежини и справите ќе ви обезбедат оптеретување на мускулите, но користејќи ги слободните тежини ќе имате поголема подвижност. Кога користиме машини најчесто сме фиксирани и може да правиме само одредени движења.
3)Енергија: Една од предностите кај користењето на слободните тежини е зголемениот напор кој ни е потребен кога ги користиме нив. Бидејќи слободните тежини не се фиксни како справите, користејќи ги нив активираме повеќе мускулни групи истовремено. Па пропорционално на тоа енергијата која се троши за време на тренинг со слободни тежи е поголема.
4)Простор: Фитнес справа бара помал простор за изведување на некоја вежба. Додека пак слодобните тежини зафаќаат поголем простор бидејки освен тежини потребни се и шипка, клупа...ова може да биде предност доколку сакате да вежбате во домашни услови а немате многу простор на располагање.
5)Сигурност: Луѓето кои се нови во вежбањето, побезбедни ќе се ако користат справи поради недостатокот од искуство со слободните тежини. Некои вежби кои се прават со слободни тежини се многу опасни ако не се прават со правилна форма.Користејќи ги справите почетниците ќе ги навикнат мускулите на одредени движења, пред да почнат да вежбаат со слодобни тежини, последно нешто кое ви треба е тег во лице додека правите потисок на клупа.
Заклучок: Доколку сте почетник во теретана и сте без тренер или тренинг партнер со поголемо искуство, користете ги справите, се додека не стекнете стабилност за да се справите со слободните тежини. За малце понапредните вежбачи, практикувајте повеќе слободни тежини, за побрзо зголемување на силата.доколку сакате да ја намалите телесната тежина, а веќе имате искуство со слободните тежини, практикувајте ги, бидејќи со нивното користење трошиме повеќе енергија за време на тренингот т.е. согоруваме повеќе калории.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда