Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Воспаление на мускулите
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Воспаление на мускулите
#27786
Воспаление на мускулите 5 Years, 11 Months ago Karma: 150
No pain, No gain, е изрека која во минатото го обележи Арнолд Шварценегер, како многу силен и суров вежбач. Сите знаеме дека под влијание на тежински тренинзи, доаѓа до одредени реакции и промени на мускулното ткиво, но и на самите останати ткива кои се соседен дел од самото мускулно ткиво. Сите, за време на тренинг чуствуваме одредено горење во мускулите, а 24 часа подоцна чуствуваме и воспаление. Некојпат тие воспаленија се до толку големи и и нтензивни, што не сме во состојба на нормално функционирање.
Сите ние, а особено почетниците се доведени до состојба на забуна.
Дали болката е резултат на добро или лошо?
Дали болката е резултат на успешен тренинг или нешто сосема спротивно?
Болката или воспаленијата кои се јавуваат како резултат на вежбање можеме да ја поделиме во три различни фази или дефиниции.

1. Воспалително чуство во вежбаниот мускул.
Се јавува на крајот од секоја серија. Млечната киселина која се собира во мускулот, како ко продукт на анаеробно вежбање, е причина за ваквото чуство. Изведувајки екстра повторувања, во моменти кога ќе се почуствува оваа болка во вежбаниот мускул, на крајот ќе се исплати и ќе бидете наградени, како резултат на висок интензитет во вежбањето.

2. Одложено мускулно воспаление
Секој оној кој вежба интензивно, на било кое ниво и степен, знае за овој вид на мускулно воспаление. Многу бодибилдери се сложуваат дека ова чуство на болка во мускулите е добар знак. Како причина за тоае индикатор за успешен и интензивен тренинг. Ова воспаление настанува во рок од 24 часа по вежбањето. Неговото траење е во тек од 24 часа од неговото појавување. Причина за неговото појавување е микро оштетувањето кое се јавува на мускулните влакна, како реакција на интензивно тежинско оптеретување, кое пак оштетување обично и не е многу штетно. Меѓутоа, колкаво е оштетувањето и дали степенот е алармантен или не зависи од неговото времетраење.
Се што е во просек над 24 часа, блага болка, по појавувањето, е аларм кој е предизвикан од неколку причини.Најчесто тоа е несоодветно прилагодување на одморот по вежбањето, лош начин на исхрана помеѓу тренинзите и неприлагодување на степенот на интензитет на вежбањето спрема стажот и мускулната маса.
Доколку сето тоа не се усклади на правилен начин, доаѓаме во состојба на замор и застој. Обично, за да се намали или отстрани оваа болка, е да не се вежбаат тие мускулни партии каде таа се појавила, се до нејзино целосно исчезнување. Брзината на н ејзиното исчезнување е показател на правилниот начин на вежбање, исхрана и одмор, кој доведува до поголеми и побрзи напредувања и успеси.

Како последен тип на болка во мускулите е

3. Бол од повреди.
Овој тип се појавува кога премногу ќе ги оштетиме мускулните влакна за време на вежбањето, кое оштетување најчесто доведува и до кинење на одредени делови од мускулни партии.
Понатаму, повреда на зглобовите, тендинитис (воспаление на врзните ткива), повреди на лигаментите кои ги поврзуваат и држат зглобовите заедно, како и поврзување на самото коскено ткиво. Овие повреди можат да бидат акутни, или нивната појава е одненадеж и не со толкав интенизтет и времетраење. Најчесто времетраењето е директно зависно и поврзано од самите нас и начинот на нашето однесување за време на и по повредата.
И хронични, кои траат подолг врменски период, ги "влечеме" со себе и нивното опоравување трае многу долго. Без разлика на тоа од каква природа се повредите едно е јасно, секојпат кога вежбаме чуствувајки ситни болку, само ја влошуваме ситуацијата.
Како да ја дефинираме разликата помеѓу воспаление и повреда?
Погоре во текстот објаснивме за интензитетот и должината на восалението кое е добар знак за секој успешен тренинг. Искуството многу ќе ви помогне во иднина да одредите за каков тип на повреда се работи. Но, воопшто не е пожелно да стекнувате искуство на сопствените мускули. Најдоброто решение за тоа е консултација и разговор со многу поискусен и докажан билдер, но многу посигурно е совет од спортски доктор.
Обичното воспаление воопшто нема причина да ве загрижува. Со него можете и понатаму да тренирате доволно интензивно. Но, доколку тоа воспаление ве доведе до состојба да се чуствувате изнемоштено и безволно, ве одалечува од теретаната, мој совет е да се повлечете и одморите убаво пред да продолжите понатаму. Зголеменото воспаление со сигурност нема да ви помогне во зголмеување на вашата мускулна маса и постигнување на посакуваната цел. Напротив, може само да ве одалечи од тоа и да ве приближи и доведе побрзо до повреда која долго ќе ве прати. Затоа, најдобро е постојано да се консултирате со искусни вежбачи, медицински лица, но и да ги прилагодите одморот, исхраната и интензитетот на вежбањето.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11516
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
Last Edit: 2012/02/15 18:02 By Ѓороски.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда