Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Почеток во обликувањето на телото
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 123456789
TOPIC: Почеток во обликувањето на телото
#164
Почеток во обликувањето на телото 8 Years, 8 Months ago Karma: 150
Значи одлучивте да го направите првиот чекор во обликувањето на телото и да го измените начинот на вашето живеење. Тоа прествавува возбудливо патување, патување низ кое многупати ќе ја тестирате вашата волја и сила. Оние кои ќе успеат со стизнати заби да ги преминат сите тие тренинзи и диети, ќе стигнат до својата цел на неверојатна трансформација. По само два месеци од програмот кој во наредните неколку денови јас ќе го преставам овде на овие страни, ќе се почувствувате посилни и полни со енергија. Истотака ќе приметите и убави промени на вашиот телесен изглед.
Не, за жал нема да станете така мускулести преку ноќ, но со трпение и упорност, ќе дојдете и до тамо. Имајте на ум, дека со помош на бодибилдингот, вашиот надворешен изглед и негоават промена е секундарната придобривка од овој прекрасен спорт. Со помош на тежинските тренинзи, со правилниот начин на исхрана, ќе успеет не само во промена вашиот надворешен изглед, туку и до подобрување на кардио васкуларниот и респиратонсиот систем на вашиот организам.Ќе бидете поздрави. Тоа е факт кој е научно докажан. Ќе бидете поотпорни на болести, зголмеувајки го имнунитетот, ќе го налите стресот, вашите коски ќе станат поцврсти и вашата крв ќе стане поздрава.
Бодибилдингот како начин на живеење ќе го подобри секој аспект од вашето постоење, самодоверба, самоконтрола, и неограничено чувство за достигнувања. Користте го форумот и страниците на ХЕРКУЛЕС, како алат и лесно ќе ја достинете вашата цел.
Ви посакувам среќа и успех во обликувањето на телото.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
Last Edit: 2009/05/19 02:18 By Ѓороски.
The administrator has disabled public write access.
 
#179
Re:Почеток во обликувањето на телото 8 Years, 8 Months ago Karma: 13
aaaaaaaaaaaaaaaaaaaa,,prekrasni zborovi....motivacija
Paki
Animal
ВИП
Posts: 331
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mr.o4cs@hotmail.com Location: Skopje
The administrator has disabled public write access.
Hardcore
 
#187
Re:Почеток во обликувањето на телото 8 Years, 8 Months ago Karma: 5
интересен текст,вреде да се прочита
Baze
Platinum Boarder
Posts: 992
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mr.baze18 baze_bilderceto@hotmail.com Location: Штип Birthday: 12/08
The administrator has disabled public write access.
Германските суплементи Best-body nutrition одсега достапни за нарачка и во Штип !!!
Телефони: 078-313-917 ; 071-314-917
Поздрав
Баже Јорданов
www.best-body-nutrition.com
/BBN_banner_quality.jpg[/img]
 
#188
Стимулација на раст 8 Years, 8 Months ago Karma: 150
Најважниот принцип, кој како почетник мора убаво да го разберете е прогресивното тежинско оптеретување.
Овој концепт преставува основа на сите ваши тренинзи. Мускулите се едно од нај адаптирачките ткива во човековиот организам, и ќе расте поголемо и подолго како резултат на регуларни оптеретувања. Поради ова тренингот е многу важна алка во системот на обликувањето на телото и напредувањето.
Во колку на секој ваш нареден тренинг, прогресивно го зголемувате оптеретувањето (немора тоа да биде драстично зголемување) кое ќе биде различно од предходниот тренинг, организмот се доведува во состојба да мора да се привикнува на новонастанатата состојба, на тој начин што доаѓа до зголемување на силата и големината на ткивата како одговор на тоа.
Мускулите растат, коските се зацврстуваат а нервнито систем станува по ефикасен како резултат на мускулната активност.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
Last Edit: 2009/05/20 00:07 By Ѓороски.
The administrator has disabled public write access.
 
#190
Типови на м.влакна 8 Years, 8 Months ago Karma: 150
Вашите скелетни мускули се создадени од два типа на мускулни влакна
1. Брзи и
2. Спори мускулни влакна.
-Брзите мускулни влакна ја генерираат поголемиот дел од тензијата и овозможуваат поголема можност за раст. Како и да е, тие истотака многу брзо се заморуваат.
-Спорите мускулни влакна генерираат помал дел од тензијата но сепак има поголем капацитет на издржливост. Тие имаат помал потенцијал за раст.

Индивидуите кои имаат поголем процент на брзи мускулни влакна, имаат предност во максималната мускулна хипертрофија. Како бодибилдер, вашата цел е да ги стимулирате сите типови на мускулни влакна да станат поголеми, на тој начин што ќе користите различни методи на тренирање.
Зголемувањетона силата, која почетниците ќе ја искусат ви периодот на првите 6-8 недели од првите тренинзи, не секогаш е поврзано со зголемувањето на мускулните влакна.
На самиот почеток, вашиот нервен систем започнува да се адаптира на на новонастанатата стимулација, дозволувајки ви да се зголеми вашата сила, користејки ги вашите постоечки мускули. По период од 6 недели, хипертрофијата (зголемувањето на мускулната маса) станува се позабележително кое е тесно поврзано со натамошното зголемувањена силата.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
Last Edit: 2009/05/21 04:53 By admin.
The administrator has disabled public write access.
 
#227
Re:Типови на м.влакна 8 Years, 8 Months ago Karma: 0
Bukvar za pocetnici.
Ubavo ke bide da napisete edna kniga i za onie sto mislat deka znaat
Pine
Senior Boarder
Posts: 44
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
The administrator has disabled public write access.
 
#236
Re:Типови на м.влакна 8 Years, 8 Months ago Karma: 150
Ќе биде и тоа.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#255
Re:Типови на м.влакна 8 Years, 7 Months ago Karma: 3
Диркторе, ако може побрзо. Нестрплив сум да научам основи во ББ.
Може ќе го заменам компјутеров со боја и купаќи.
admin
ХЕРКУЛЕС, едноставно најдобар.
Admin
Posts: 625
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Скопје
The administrator has disabled public write access.
 
#263
Re:Типови на м.влакна 8 Years, 7 Months ago Karma: 150
За пишување, треба инспирација. Иако јас овој текст го имам готов, веќе напишан. Па сега го поставувам во делови. Сепак, тешко дека ти ќе го замениш компјутерот со било што, па камо ли со тегови.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#265
Анаболна средина 8 Years, 7 Months ago Karma: 150
Од ден на ден, ќе се соочите со состојба каде ќе заприметите дека вашето тело воопшто не реагира. Телесната тежина останува иста. Многумина ќе помислат дека нивното тело се наоѓа во состојба на рамнотежа и дека го достигнале највисокото ниво. Како понатаму? Важно е да знаете дека вашиот организам е во постојано движење. Или го согорува или го изгадува и обновува мускулното ткиво.
Првиод стадиум се нарекува КАТАБОЛИЗАМ. Состојба во која организмот ги согорува протеините побрзо отколку што ги синтетизира. Тешките тренинзи пропратени со лоша исхрана, лесно доведуваат до состојба на катаболизам.
Анаболизмот е обратен процес од катаболизмот. Во оваа состојба вашето тело ги има на располагање потребните протеини за обнова и развој, и се наоѓа во стадиум на активен одмор. Поголем број на протеини се синтетизираат во мускулното ткиво, отколку што се согоруваат за енергија.
Најчестата грешка која почетниците ја прават е таа што тие мислат дека мускулите растат во вежбалните. На овој начин тие самите се доведуваат во состојба на претренираност. Додека сте во вежбалните вие се наоѓате во катаболитичка состојба, согорувате голем број на молекули потребни за енергија за време на вежбањето.
После вежбањето (часови и денови) во периодот на одмор, вашата цел е да останете во анаболитичка состојба, обезбедувајки средина за подолг период на раст, развој и обнова на оштетени мускулни клетки. Потребно е да го стимулирате процесот на синтетизирање што е можно повеќе протеини во вашите мускули.
Запомнете, ако се наоѓате во вежбалната многу повеќе отколку што одмарате, никогаш нема да напредувате!
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 123456789
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда