Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Куп на Македонија 2013 - Целосен преглед
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Куп на Македонија 2013 - Целосен преглед
#32723
Куп на Македонија 2013 - Целосен преглед 4 Years, 7 Months ago Karma: 10
Натпреварот се одржа во домот на културата Ацо Шопов во Штип. Салата до пред почетокот скоро беше полна, а после 10-15 минути одкако започна натпреварот веќе немаше празни места. Продавницата за суплементи и спортска опрема Спортикс имаште поставено свој штанд во холот пред салата, на кој беа изложени производи од линијата на BioTechUSA i Labrada Nutrition со попуст од 25%, а исто така можеше да се проба и некој од производите кои беспалатно беа понудени за публиката.


Натпреварот започна со настап на зумба секцијата на бодибилдинг клубот "Дурански", кои подоцна во текот на натпреварот на сцената се појавија уште неколку пати.


По заврашување на нивниот настап, посакуваќи и добредојде на публиката, натпреварот го отвори домакинот Горан Јордев.


Горан микрофонот му го предаде на претседателот на Македонската бодибилдинг федерација Бобан Ѓороски, кој како што кажа Горан, најдобро знае да си ја врши оваа работата. Бобан на каратко ја опиша моменталната ситуацијата на бодибилдингот како спорт во Македонија, но и објави една вест, која наиде на позитивни реакции кај публиката, а тоа е дека покрај постојаните два натпревари во бодибилдинг, се размилува и за трет - кој ќе го организира овогодинешниот домаќин на купот Горан и ќе биде од отворен меѓународен каратрет , а можеби и за четврт - кој ќе се организира од страна на Бобан Ѓороски.


Претседателот Бобан ги повика претставниците на спотски клубови (теретани) кои ги извршиле своите должности согласно законот за спорт да се качат на сцената и да примаат налепница, која е потребно да ја залепат на влезната врата од теретаната, како знак дека таа теретана работи согласно законските одредби, и воедно им се заблагодари затоа што се дел од бодибилдинг заедницата на Македонија.


По ова веќе започна натпреварувачкиот дел, и честа како натпреварувачи да го отворат натпреварот беше на девојките. На сцена прва се појави Семра Ајаро, која во Бугарија ќе не претставува во категоријата Фитнес. Таа со својот сценски настап не оставни никој рамнодушен во публиката.


По Семра на сцената позираше Роза Димитриева која во Бугарија ќе не претставува во категоријата Женски Бодибилдинг.


На сцената следна беше Марина Андова која во Бугарија ќе не претставува во категоријата Бикини Модел.


Иако девојките се натпреваруваа во три различни категории, и секоја од нив ќе оди во Бугарија да не претставува, сепка се избра енда од нив, која според судиите заслужуваше да го понесе пехарот. Тоа беше Семра Ајаро.


Одкако завршија девојките, на ред беше категоријата Јуниори. Во оваа категорија имаше двајца натпреварувачи, Мартин Насевски и Семраз Азири. Како првопласиран во оваа категорија беше Мартин Насевски со значително подобра форма од Семран Азири.


По Јуниорите на сцена позираа натпреварувачите во категоријата до 80 килограми, а ги имаше тројца, и тоа, Дејан Димовски, Владимир Ангелов и Димитар Јакимовски. Како победник во оваа категорија од страна на судиите беше избран Дејан Димовски.


Следен на сцената беше Антонио Андоноски, кој беше единствениот натпреварувач во категоријата до 90 килограми. Целиот негов настап постојано беше проследен со аплаузи од публиката.



По извонредното позирање на Антонио, на ред беше тешката категорија, во која исто како и во категоријата до 80 килограми, имаше тројца натпреварувачи, Андреј Крстиќевиќ, Слободан Костов и Деан Ангелов. Првото место во оваа категорија му припадна на Деан Ангелов.


По завршувањето на презентацијата и избирањето на најдобрите натпреварувачи по категориии, Тоше Зафиров беше избран како најуспешен спортист за претходната година, и на сцената прими пехар од претседателот Бобан Ѓороски.
На крајот од натпреварот се избираше апсолутниот победник на натпреварот, и таа титула му припадна на Антонио Андоноски, кој без сомневање беше најдобар на сцената. Пехарот за апсолутната победа на Антонио му го предаде Тоше Зафиров.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2013/04/22 20:12 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда