Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Најчести грешки кај девојките што вежбаат
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Најчести грешки кај девојките што вежбаат
#31684
Најчести грешки кај девојките што вежбаат 5 Years ago Karma: 10
Најчестите грешки кои ги прават девојките кога се одлучат да тренираат се:

1. СТРАВ ОД ТЕГОВИ
Девојките и жените се генерално многу наплашени кога во прашање се теговите, пред се поради мислењето дека на тој начин ќе се набилдаат и ќе добијат големи мускули. За таквите имаме убави вести, а тоа е дека мускулната маса е огромен потрошувач на калории т.е. ќе имате помалку масти колку поголема е вашата мускулна маса, втро, мускулната маса се постигнува прилично тешко, со правилна исхрана, тренинг и суплементација без користење на лекови во просек може да се зголему само 5кг мускулна маса годишно, трето, нема подобар начин за затегање на целото тело од вежбањето со тегови. Убав задник се прави со чучњеви и мртво подигање!



2. ПОВТОРУВАЊЕ НА ИСТИОТ ТРЕНИНГ
Исто така претставува грешка, најпрво од причина што на мускулот му е потребно време за опоравување, а доколку тренирате секој ден вие просто не му дозволувате на вашето тело да се опорави а со тоа и се оддалечувате од посакуваните резултати. Второ, ако во почетокот напредувате , брзо ќе се случи застој со оглед на тоа дека на телото му е потребен константен шок за да напредувате, а тоа нема да го постигнете со едноличен начин на тренирање.

3. ПРЕТЕРУВАЊЕ СО КАРДИО
Веќе објаснивме во првиот дел зошто е пожелно да имате некој килограм мускул повеќе, а кардио активноста е катаболичка активност т.е. ако претерате најверојатно ќе дојде до разградување на мускулите. Да не дојде до забуна, кардио активноста е одлична и препорачлива доколку сакате да ги намалите мастите на телото, но претерувањето води до исцрпување на организмот и разградување на мускулите.

4. СТРАВ ОД СУПЛЕМЕНТИ
Исто како и со теговите, така и со суплементите, жените мислат дека несмеат да ги користат и тие се наменети само за машката популација. Колку што машките имаат потреба од помошта на суплементите за постигнување на убаво обликувано тело, толку имаат и жените. Предлагаме да користите витаминско-минерален комплекс, рибино масло, аминокиселини, whey протеин за опоравување и регенерација после напорниот тренинг. Овие суплементи ќе ви помогнат за подобро здравје, да се чувствувате подобро и поспремно за наредниот тренинг. За повеќе информации прочитајте го текстот за суплементи наменети за девојките.

1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
Last Edit: 2012/12/23 09:20 By 1van.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда