Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Неопходна суплементација за девојки
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Неопходна суплементација за девојки
#31470
Неопходна суплементација за девојки 5 Years, 1 Month ago Karma: 10
Можеби овој текст на повеќето од вас ќе ви биде досаден или воопшто нема да ги прочитате, но мислам дека треба да го има овде на форумот, бидејќи девојките кои вежбаат најчесто посетуваат вакви форуми само за да се информираат и ретко дискутираат на други теми, а доколку не ја најдат информацијата која ја бараат, наместо да отворат тема и да прашаат, информациите ги бараат на друго место кое најчесто не е вистинското. Чудно е тоа, но девојките кога ќе видат некоја анорексична девојка, веднаш и приоѓаат и ја прашуваат како успеала да ја намали тежината толку многу и како тие би можеле да го постигнат истото. Друг извор на информации се женските списанија... некој ако случајно пролистал некое од нив знае за што станува збор и не би пишувал за тоа.

Како прво, скоро и да не постои машка и женска суплементација. Разликата почнува таму каде се пробува да се манипулираат хормоните како што се тестостеронот и естрогенот, но повеќето од тие проби се неуспешни. Затоа кога размислувате за суплементација, пробајте да не се фокусирате само на розовите пакувања.

ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ
Прва работа која треба да се прифати е фактот дека исхраната на модерниот човек е многу сиромашна со витамини и минерали а главна причина за тоа е лошиот квалитет на денешната храна. Храната која денес ни се сервира е произведена со две намери - да донесе што повеќе пари на произведувачот и да биде што по конкурентна со цената на пазарот.
Од таа причина, поголемиот дел од тоа што можеме да го јадеме денес во самиот старт е осиромашено со хранливи материјали, а витамините и минералите се посебно дефицитарни во секојдневието. Затоа уфрлувањето на квалитетен суплемент е одличен избор за тие кои се грижат за своето здравје.

Препорака за девојките:
- Калциум: Сигурно е веќе добро познат минерал кој е од посевна важност за сите девојки, а посебно за тие во години, поради губитокот на истиот тој минерал.
- Магнезиум: Овој минерал е од витално значење за функционирањето на нервниот и мускулниот систем и треба да биде дел од дневната суплементација на секој, а посебно после напорениот тренинг.
- Витамин Д3: Во последните 10 години во стотици научни истражувања се докажува значењето на овој витамин за здравјето на човекот. Скоро и да нема избор, туку да се прифати суплементацијата со витамин Д3 како неизбежна.
- Витамин Ц: Витаминот Ц е од посебно значење за антиоксидација на телото настаната со трошењето на воздухот, што значи дека е од посебно значење за активните вежбачи. На форумот има повеќе тими во кои се објаснети бенефитите од суплементирањето со витамин Ц, и ви препорачувам да ги прочитате.
- Мулти витаминско/минерален комплекс: Покрај овие, набројаните витамини и минерали кои се од посебно значење, подеднакво е важно да се надомести недостатокот и од останатите микроелементи во начинот на исхрана, а наједноставен начин да го направите тоа е со конзумирањето на некој витаминско/минерален комплекс.

После витаминско-минералните суплементи, потребно е во својата исхрана да го вклучите и следното:

WHEY ПРОТЕИН
Само доколку сте живееле под некој камен последните 20-30 години не знаете кој е најквалитетниот извор на протеин во светот. Whey протеинот или протеинот од сурутка со биолошки вредности поголеми од јајцето - кое до пред појавата на whey протеинот важело како мера за билошка вредност на храната, важи за најлесно сварлив извор на протеин познат на човекот и како таков има непроценлива вредност во примената во секојдневната исхрана на активните спортисти, без оглед на нивниот пол. Мој предлог е 1 доза наутро, веднаш по станување, заедно со овесни снегулки и овошје или јогурт, и уште една доза со вода после тренингот.

ОМЕГА 3 МАСТИ
Некогаш одамна, исхраната на човекот е била многу побогата со овие масти, но, повторно, современиот начин на производство и препработка на храната придонесува денес за жал да ги немаме тие бенефити. Омега 3 или рибиното масло (иако овие есенцијални масти не се наоѓаат само во рибата) се толку корисни за здравјето, колку што е штетен помфритот испржен во масло од животно кое е одгледано во масовно, фабричко опкружување и кој стоел во фритезата повеќе од една недела ( да не помислите дека е исто, напротив, диаметрално е различно, и за во случај да уште не сте сватиле што значи претходната реченица - Омега 3 има големо влијание врз здравјето)
Толку е здрава оваа масна киселина, што дури е и невозможно да се претера со нејзино конзумирање.

Како што пишува и во самиот наслов ова се есенцијалните т.е. неопходните суплементи кои е потребно да ги користи една девојка која се занимава со фитнес. Нормално, има уште милион суплементи на пазарот кои секако би ви помогнале во постигнувањето на целта, но според мене ова се ТОП 3 суплементите на кои треба да се фокусирате.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда