Висока сум 165цм, а тешка 50кг. Сакам да се здебелам 5-10кг. бидејќи имам многу слаба конструкција. Дали може да ми напишете програма за вежбање и што да јадам (не знам која храна колку калории е)?
unknown
The administrator has disabled public write access.
Ок, ова се првични и основни информации за тебе. Пред да напишам поконкретно, би сакал да знам, начин на кој се исхрануваш сега и кои се твоите дневни активности (тренинг, обврски).
Дневни активности, освен на час по физичко и пешачење други немам. Пред 2 месеци одев в теретана 2 месеци и наводно вежбав за маса, но кога ја сменија иснтрукторката што ми кажуваше кои вежби по колку пати да ги правам, инструкторот што дојде на нејзино место ми кажа дека се погрешни и дека поради тоа ослабувам (ослабев 5кг.). Одтогаш престанав да вежбам, почнав само да јадам без да трошам и едвај сум стигната до 50кг. Сега сакам да се здебелам, но и активно да вежбам, за тоа што ќе го „качам“ да биде мускулна маса, а не целулит.
Инаку, двенво внесувам околу 2000 калории, главно шеќери.
unknown
The administrator has disabled public write access.
Не постојат вежби и систем на вежбање за маса, со чија помош би можеле да зголемиме телесна тежина и маса.
Постои само начин на исхрана и активност, како би можеле да влијаеме на промената на телесната тежина.
Да не испадне дека премногу филозофирам а многу малку помагам, иако ништо конкретно незнам сеуште за тебе, твојот начин на исхрана и вежбање, ќе те посоветувам воколку работиш кардио програма (било која) веднаш да ја прекинеш. На јадењето кое моментално го имаѓ во твоето секојдневие, да додадеш уште еден оброк или да ги појашаш сите оброци за количински уште еден, и ако за 10 дена немаш промена на телесна тежина, ќе мораме со поконретни податоци.Ако ти е тешко јадењето (иам и такви случаеви) тогаш како оброк плус би ти препорачал да си направиш шејк со некој од гејнерите.
Ај измени и отсега сето тоа што го јадеш во 5 оброка, да го изедеш во 4 и плус да додаеш една мала ужина, која калорично би била како половина од еден оброк кој го имаш во денот.