Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Фитнес етика(бон-тон за жени)
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Фитнес етика(бон-тон за жени)
#18791
Фитнес етика(бон-тон за жени) 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Се повеќе никнуваат нови фитнес центри и интересот на нашите сограѓанkи кон овој спорт расте.Се со цел да се подобри општата здравствена состојба и се постигне добро оформено тело.Стегнато и секси тело е гаранција за поголема самодоверба,елеганција а со тоа и среќа.
Во наредните редови на Херкулес-женски свет разогвараме за правилата на фитнес етиката,кои никаде не се напишани а е убаво секоја една припадничка на понежбиот пол која одбрала да користи јавна фитнес сала да ги познава.

1.Облечете се удобно и едноставно.
Заборавете на шминка.Многу жени сметаат дека фитнес центрите се местото каде треба да се покажат модните вкусови и забораваат дека тоа е место каде што се вежба.
Шминката е непотребен луксуз,постои можност да се размачка и стопи а токму тогаш кожата има потреба да диша.Заборавете и на силните парфеми,пот и парфем е лоша кмобинација.

2.Муабетото оставете го за подоцна.
Вистина е дека на една жена и е тешко да не отвори уста цели 60 минути,но подобро е разговорите да ги водите во друг момент.Вистината е дека сте дошле да вежбате а не да брборите.Така им сметате и на другите посетители кои имаат потреба од концентрација,особено ако се мажи и креваат големи тежини.Некои бројат на памет колку повтроувања се прават и секој излишен разговор им пречи.

3.Бидете учтиви и прашувајте
Можеби си мислите дека сте платиле за тренинг,машините се за сите и нема потреба да прашувате дали да седнете на било која справа.Да така е,но станува збор за едно културно однесување во самата сала.Не брзајте да се качите на слободниот тренажер,ако тој што вежба на него прави пауза.Можно е да дојде до конфликт и цела важа енергија ја изгубите во расправии.Полесно е да прашате,дали машината е слободна и ако ви се каже дека не е,нема потреба од лутење.Ќе почекате додека другиот клиент не заврши комплетно.Спортистите треба да бидат толерантни еден кон друг,утре може некој ќе треба да ве почека вас.

4.Вратете се на место

Едно од основните правила на финтес етиката,е-од каде земаш,таму враќаш.Не е нормално да ги расфрлате теговите,дисковите и т.н низ салата.Тоа е неетично.Редот во салата обезбедува комфорна атмосвера.Никогаш не фрлајте тежини од висина,може да повредите некој.

5.Носете крпа
Памучна крпа е дел од вашиот спортски комплет.Со неа ја бришате обилната пот за време на кардио.Може да ја постелете на клупата,ако некој се потел пред вас и оставил траги.За бањата веројатно ќе ви треба уште една,освен ако центарот сам не изнајмува за своите клиенти.

6.Помагајте им на другите
Често оние што вежбаат си помагаат еден со друг при некои вежби.Ако ве замолат за помош,пружете ја.Ако пак,не е во рамките на вашите сили,учтиво извинете се.
Од друга страна,не се нудете за помош ако не ви ја побара некој.На вам можеби ви изгледа дека некој е на крај со силите при некои тешки повторувања,но не почнувајте да се вртите околу него,не подавајте раце да придржите шипка,не го збркувајте со прашања дали му треба помош...
Златно правило-помагаш само ако ти се побара помош.
Ако пак вие имате потреба од помош,помолете за неа.Во салата обично царува спортски дух и никој нема да ве одбие.

7.Огледалото не е само за вас.
Огледалото не е ставено само за вас,туку и другите вежбачи да можат да се гледаат како ги исполнуваат вежбите.
Неправилните техники на изведување,не само што ги прават вежбите некорисни,може и да повредат.Ако некој исполнува вежба пред огледало не му стојте на патот,почекајте го да заврши.

8.Бидете тактични
Колку и да ви се смешни,некои вежбачи во салата,не ги коментирајте,не им се смејте,не зјапајте со љубопитност-тоа може да ги надразни,деконцентрира,а тие исто како и вас платиле за исто нешто-да вежбаат.
Не мислете дека баш вие сте објект на внимание.Едноставно тренирајте,дури и некој да ви дофрлува нешто,игнорирајте го.

9.Не ја загадувајте слата
Празните шишиња од вода=во корпа.
Не грицкајте соленки,бисквити и други грицки...така оставате трошки и ѓубре.

10.Не мислете дека инструкторите се ангажирани само за вас,освен ако не сте си најмиле приватен.Но кога имате прашање не срамете се и да прашате.

11.Бидете отворени,ведри,позитивни...и времето поминато во фитнес центарот ќе ви биде поисполнето со пријателска атмосвера.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/06 17:47 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#19325
Re:Фитнес етика(бон-тон за жени) 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Коj е виновен,ако тренирам неправилно?

Убаво е човек да се запише на фитнес,да си плати членарина и да започне да тренира сериозно. Но доста често е тешко да останеме мотивирани,кога ако погледнеме наоколу,можеме да видиме доста смешни слики.

И фитнесот денес е голема мода,следена од помодарки.Тоа што некој посетува ултра модерна фитнес сала или центар незначи дека ќе изгради тело од насловните на светските списанија.Најчесто таквите места делуваат како тренд сетерски збиралишта,каде се покажуваат најновите модни достигнувања,особено од дамите.Но нема правила.Можеби скромната саличка во близина ќе биде место каде ќе успееш да изградиш супер секси тело.Дамите кои предолго време претерувале со сладоледи и чоколади,се посебна приказна.Тие запишувааат фитнес часови,зошто слушнале дека само тоа е начин да се ослободат од килограмите.И така постојат различни профили на вежбачки.80% од нив внимателно ги следат движењата на старите вежбачи со стаж.како се потат,како дигаат тешки тежини,додека тие се излежават на разните машини или си муабетат со новостекнатите другарки.И минува одреден период кога тие сваќаат дека ветувањето дека ќе симнат килограми е само измама,фитнесот е празна работа и губење на време...и се откажуваат.

Профилот на тинејџерите вежбачи кои се мотивирани до даска од тоа што го гледаат по нет и списанија за билдинг,е сосема друга приказна.Тие се убедени,дека по две недели тренинг со програма на Маркус Рухл,ќе можат да дигнат стотици килограми на шипка,маичките ќе им прснат од напорот на мускулите,а девојките ќе ги посакуваат како најголеми фраери во град.
Ентузијазмот на овие млади дечки е за пофалба,но ретко некој ги постигнува саканите резултати од неправилноста и заблудите со кои почнуваат да вежбаат.
Има случаи кога од незнаење некоја нова надеж во салата,се повредува тешко и опасно,но тоа не е ни најмалку смешно.

Ако гледаме објективно,секој кој влегол во сала или почнал да вежба за здравје и подобра форма,е за пофалба.Но да тренираш,не значи само да знаеш да креваш тегови,значи да знаеш и како.Да учиш.Еве баш денес на профилот на нашата група видов еден пост...сите одат на фитнес,а изгледаат грозно!!!Според мене,целта е најважното нешто.Мора да биде јасно дефинирана.А виновници ако бараме...подобро е да кажеме прво...кој се не е виновен.

Вината не е на разни пријатели,кои укажуваат на почетниците како се вежба правилно бицепс или гради...
Не се виновни и мноштвото самопрогласени фитнес тренери,кои препишуваат програми од фитнес списанија,зошто немаат идеја како изгледа еден убаво составен индивидуален тренинг,од професионалец.
Вината не е и во оние кои ги советуваат жените да прават стотици и стотици повторувања со 1-2 кг.гири,а не да вежбаат сериозно и тешко,за да не станат претерано “мускулести“...

ВИНАТА Е ВО САМИТЕ ВАС...вашиот интерес од фитнес нетреба да заврши со тоа што само ќе платите за членарина и ќе бидете редовни.Мора сами да учите како се изведуваат правилно вежбите,движењата,дишењето и се што е пропратно со еден тренинг.Ако успеете во ова,победата е ваша.

Херкулес team
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/23 02:10 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#25375
Re:Фитнес етика(бон-тон за жени) 6 Years, 6 Months ago Karma: 9
Ернест Шепард е регистрирана во книгата на Гинес,како најстара жена билдер на планетата.Таа е на 76 години но не престанува да тренира.Некои мажи дури можат да и подзавидат на мускулите,тежините што ги крева и телото.


Ако мислите дека го изградила своето тело уште од рано детство...се лажете.Пред 20 години таа била обична жена,домаќинка и имала надпросечна тежина.Самата за себе вели дека неможела да се гледа во огледало.

-Бев многу мрзлива за спорт.Вежбите претставуваа ужас,заради нив си го упропастував маникирот и фризурата.

Се се променло кога дамата од Балтимур осознала,дека ЗДРАВЈЕТО Е ПОВАЖНО ОД ФРИЗУРАТА И МАНИКИРОТ.И таа ја започнала својата трансформација.А тоа што го постигнала е феноменално.Наместо спуштен стомак,бедра и раце,Ернестин почнала да го извајува своето тело...ги стегнала стомачните,го зацврстила задникот,развила бицепс...се тоа со многу труд и упорност.


Прво почнала да оди на аеробик заедно со сестра и,после инструктор од салата во која вежбала и предложил да вежба со тегови.Кога ги видела ефектите од тренинзите почнала сериозно да се занимава со бодибилдинг.Сама си изработила своја програма за исхрана каде основно се храни со варени јајца,овошја,зеленчуци и малку бело месо.Јаде мали порции,но почесто.

Не користи хормони и стероиди,зошто смета дека тоа е непотребно.Целта и е да е здрава,да има убаво тело и да е енергична.Кога една жена е на 76 е природно да биде наречена баба,но никој не ја нарекува Ернестин така кога ја види.Таа не ги крие годините,напротив се гордее со нив,а многумина остануваат со подотворена уста кога слушнат колку ги има.

Денес Ернестин помага на други возрасни луѓе да се борат со надпросечната тежина,мрзливост и болести.
Можете да ја видите како работи овде....[/url]
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда