Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Кога јагленохидратите стануваат непријатели...
#32574
Кога јагленохидратите стануваат непријатели... 4 Years, 9 Months ago Karma: 10
Толку пишувавме за значењето на јагленохидратите за енергијата, опоравувањето, развојот на телесната и мускулната маса, па сега може ќе се запрашате како тогаш тие може да станат наш непријател...

Јагленохидратите се најважен извор на енергија за нашето тело и неопходни се за нормално функционирање на организмот. Проблемот настанува кога нивниот внес ги надминува дневните потреби.

Што се случува со внесените јагленохидрати?
Најпрво, јагленохидратите телото ќе ги користи како енергија за секојдневните активности и како примарно "гориво", остатокот ќе се складира во форма на гликоген во мускулите и јетрата, а доколку не се искористи, ќе се складира како поткожно масно ткиво. Суфицитот на јагленохидрати (во комбинација со лоши масти) е една од главните причини за настанување на вишокот на стомак и сало низ целото тело... Значи доколку сакате одлична форма и издефиниран изглед, морате да внимавате на количината на јагленохидратите која ја внесувате.



Кога да се внесуваат јагленохидратите?
Внесувајте ги тогаш кога вашето тело ќе ги искористи како енергија, наутро за појадок кога на организмот му е потребна енергија, во деновите кога имате зголемена физичка активност и кога повеќе се движите, како и после напорен тренинг како би ги обновиле залихите на јагленихидрати во мускулите и бидете спремни за наредниот тренинг. Во другите денови ограничето го внесот на јагленохидрати, додека пак во вечерните часови избегнувајте ги јагленохидратите затоа што тогаш метаболизмот е најспор и постои голема можност да се претворат во непосакуваните масни наслаги. Сепак, доколку ви преостанала одредена количина на јагленохидрати која не ја имате внесено во текот на денот, а е дел од вашите дневни потреби за ЈХ, помала е веројатноста дека вечерното конзумирање на ЈХ може да ви наштети.

Исто така, важно е да го бирате обликот на јагленохидрати, пред се преферирајте тоа да бидат сложени, комплексни јагленохидрати кои обезбедуваат стабилно ниво на енергија во текот на денот, како што се житариците, интегралниот ориз, производите од интегрално брашно, а вклучете и свеж или обарен зеленчук. Кај ваквите јагленохидрати енергијата постепено се ослободува и многу е помала веројатноста дека ќе добиете сало од нив одколку од прости шеќери кои, во случај ако сакате да имате издефиниран изглед, не се пожелни во ниту еден дел од денот освен после тренинг."LOw Carb" дитите се најпопуларни а ако ги земем во предвит претходните напишани работи, логично е за отстранување на вишокот масти, бидејќи телото преминува на согорување други извори на енергија.
Но проблемот е кој извори на енергија...?

Како да го натераме телото да троши масти а не мускул?
Доколку е намален внесот на ЈХ, мора да се зголеми внесот на добри масти, и најбитно протеините. Доколку паралелно ги смалите јагленохидратите и протеините, готово да е сигурен губитокот на квалитетната мускулна маса, што секако не го сакате. Второ, метаболизмот ќе се успори и само повеќе ќе се оддалечите од својата цел. Поради тоа вашиот дневен протеински внес мора да биде на исклучиво високо нивот.

Како да се внесе доволна количина на протеини?
... и како да се одржи тој висок внес, без да се внесуваат непотребните масти и јагленохидрати. Најпрво препорачуваме внес на квалитетни немасни протеини како што се рибата, белото месо, мисиркиното месо, посното сирење, белките од јајца. Останатите врсти на место и сирење т.е. млечни производи содржат доста заситени масти кои не се пожелни доколку сакате да го намалите процентото на масти на телото. Второ, за да ја внесете потребната количина на протеин, сигурно ќе треба многу да јадете односно да внесувате голема количина на храна, што го оптеретува стомакот а и тешко е изводливо доколку студирате, работите или едноставно несакате постојано да сте во кујната. Трето, доколку внесувате храна богата со протеини, ќе биде потребно и по неколку часа за таа да се разгради до аминокиселини и, ако таа храна е внесена непосредно после тренинг, го губите најдрагоценото време за анаболички процеси во телото.
Чист протеин од сурутка, се нуди како одлично решение и дополнување на вашата исхрана да што побрзо ги "нахраните" мускулите со аминокиселини и да го зголемите дневниот внес без потешкотии.
Сигурно барате и добар протеински суплемент кој би можел да се вклопи во вашата диета.

Кој протеински суплемент би бил идеален за вашата диета?
* да не содржи јагленохидрати
* да нема масти
* да е што почист облик на протеин, како што е изолат протеин од сурутка
* да има добар вкус и лесно да се раствара
* да се апсорбира брзо и да го убрза опоравокот
* да ги заштити мускулите во текот на диетата
* да има проверен квалитет

Наша препорака?
Во асортиманот на СпортиксМК се наоѓаат голем број протеински производи од светски брендови. Понудата можете да ја видите овде.

Протеинскиот суплемент кој е фаворит и се издвојува од сите останати е Iso Whey ZERO. Зошто овој протеин се издвојува од останатите? Станува збор за протеин кој е направен од најчистиот corss-flow микро филтриран whey isolate протеин кој може да постои, кој има високата биолошка вредност и ултра високата апсорбциска вредност што значи дека на телто му е достапна најдобрата можна форма на протеин чие време за апсорбција е минимално. Iso Whey ZERO содржи 0г масти и 0г шеќер. Не содржи непотребни и скриени нутриенти кои можат да се складираат во телото како масти. Единствено 21г протеин во доза за градење на чиста мускулна маса и висока застапеност на ВСАА, Глутамин и ЕАА (есенциални амино киселини). Покрај идеалниот состав кој ќе се вклопи во вашата диета, бидете сигурни дека ќе уживате и во одличнот вкус.

1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда