Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: ,,Low carb" диета
#32395
,,Low carb" диета 4 Years, 10 Months ago Karma: 10
Идејата за low carb диетата е во причината да се намали количината на калориите, а да се трошат калории од мастите, но на сметка на јагленохидратите. Кога организмот троши ограничена количина јагленохидрати, штом ќе остане без гликоген ќе почне да ги користи мастите како извор на енергија. Телото ќе ги согорува вишокот масти кога недостига енергија поради ограничените количини на јагленохидрати.

Зошто намалувањето на количината на јагленохидратите е најефикасен метод за согорување на мастите?
Шеќерите се главен и најефикасен извор на енергија во органозмот и тие брзо се претвараат во гликоза која циркулира во крвта и во гликоген кој се складира во јетрата и мускулите за подоцнежно користење. Способноста за оваа акомулација на гликогенот е ограничена, и кога ќе се зголеми нивото на гликоза во крвта, доаѓа до излачување на инсулин од панкреасот. Инсулинот пак ја стимулира трансформацијата на јагленохидратите во масти. Обратен процес се случува кога е ограничен внесот на јагленохидратите и на тој начин се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Во сучај на високо ниво на шеќер во крвта не се случува липолиза и тогаш мастите не се користат за енергетски цели.



Еден од главните недостатоци на исхрана ниска во јагленохидрати е губитокот на мускулна маса и тоа е нарочито видливо ако не се внесуваат доволно протеини. Позитивна страна на исхраната ниска во јагленохидрати е во тоа што брзо дава видливи резултати а и на тој начин контролираме важни хормони како што е инсулинот. Инсулинот го успорува, па може да се каже дека и го спречува согорувањето на мастите.

Кај овој начин на исхрана најважно е постепено да се намаува количината на јагленохидратите. Најпрво од исхраната се исфрлаат намирниците како што се бел леб, тестенините, компирот, благите работи и поголем дел од овошјето.

Потоа тие јагленохидрати се заменуваат со зголемен внес на протеини во вид на месо, риба, малку млечни производи и сл.

Секој 5ти ден се зголемува количината на јагленохидрати, и се внесува поголем количина, со цел да се спречи успорувањето на метаболизмот што е честа појава кај овој начин на исхрана.

Која е количината на протеини која е потребна?
Просечниот внес е 2 до 3 грама по килограм телесна тежина, напредните вежбачи и такмичарите внесуваат и до 5 грама по килограм тежина. Она што исто така не треба да се заборави е внесот на здрави масти, посебно во деновите со низок внес на јхидрати.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда