Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Нарушувања во исхраната
#28984
Нарушувања во исхраната 5 Years, 8 Months ago Karma: 2
Барав ваква тема, не успеав да најдам, ако се повторувам преместете ја

НАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА


Нарушувањата во исхраната се честа појава, но колку навистина знаете за нив?

Што се нарушувања во исхраната?

Нарушувањата во исхраната се сложени и индивидуализирани и може да се манифестираат во различни комбинации од симптоми. Според АПА постојат три главни видови на нарушувања во исхраната: анорексиа нервоза, булимија нервоза и болна ненаситност.

Дијагностичкиот и статистички прирачник (DSM-IV-TR) во своето четврто издание ги признава првите две и дава уште една категорија која е неодредено нарушување (EDNOS) за оние кои имаат некои од симптомите но не спаѓаат во една од првите две одредени категории. Болната ненаситност се наведува во додатокот како дијагноза за која е потребно понатамошно истражување.

Анорексија нервоза

Анорексија нервоза е тип на нарушување кој вклучува нагласено губење на тежината и само-изгладнување. Основните симптоми вклучуваат голем страв од тоа да се биде „дебел" или страв дека се добива на тежина (дури и во моменти кога пациентот е клинички под нормалната тежина), искривена самоперцепција заради замислата дека пациентот се бори со зголемена тежина, губење на менструацијата и отпор кон тоа да се дојде до и да се одржува нормална тежина на телото.

Еден податок е најалармантен, анорексијата има највисока стапка на смртност меѓу сите психолошки нарушувања. Во споредба со своите врсници во општата популација, дури 18 пати е поверојатно луѓето со анорексија да умрат порано.

Булимија нервоза

Булимија нервоза се карактеризира со тајни циклуси на прејадувања и повраќања, во кои едно лице јаде голема количина на храна, а потоа превзема компензаторни мерки за „да се ослободи" од она кое штотуку го конзумирал/а. Симптомите вклучуваат губење на контрола во навиките на исхрана и редовна практика на самоиндуцирано повраќање, злоупотреба на лаксативи или диуретици, прекумерно вежбање и/или постење, заедно со екстремна загриженост во врска со неговата или нејзината тежина.
Булимијата може сериозно да му наштети на телото и да предизвика оштетување на дигестивниот систем. Електролитската нерамнотежа која ја предизвикува повраќањето може да придонесе за појава на срцева слабост што би резултирало со смрт. Луѓето со булимија обично одржуваат она што би се нарекло „нормална" или „здрава" тежина или пак се за нијанса над таа граница.

Булимијата може да се јави како последица на ригорозна диета, кога организмот на индивидуата е исцрпен па таа почнува со кумпулсивно прејадување што е проследено со повраќање поради грижа на совест.
Третманот за лечење е составен повеќе компоненти и тоа поддршка од најблиските, професионална помош, земање на антидепресиви. Треба да се добие сосема нов пристап кон исхраната, лицето да не се оптоварува со физичкиот изглед туку да ги смени своите прехранбени навики.

Болна ненаситност - EDNOS

Болната ненаситност е таков тип на нарушување кое се карактеризира со периоди на неконтролирано или импулсивно јадење проследено со чувства на омраза кон себеси или срам. За разлика од луѓето со булимија, оние со нарушувањето болна ненаситност не повраќаат, но тие држат диети или постат повремено. Болно ненаситните може да бидат со „нормална" тежина, благо до умерено или сериозно над границата за прекумерна тежина, како и патолошки гојазни.
EDNOS се карактеризира со нарушена исхрана и однесување кои не ги исполнува во целост критериумите за анорексија или булимија. Ова не значи дека EDNOS е помалку сериозно нарушување. На пример, некој може да ги исполни повеќето од критериумите за анорексија, но тој или таа се уште да се технички во нормалниот опсег на тежина.
foxy
Junior Boarder
Posts: 27
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Female
The administrator has disabled public write access.
Sweat like a pig look like a fox
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда