Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Помалку внесени калории и метаболизам
#14621
Помалку внесени калории и метаболизам 8 Years, 1 Month ago Karma: 0
Лицата кои што сакаат да ја намалат телесната тежина, често посегнуваат по неправилни методи кои ветуваат брзи резултати. Поради тоа, најчесто паѓаат во искушение да внесат драстични промени во начинот на исхраната за да го намалат бројот на калории кои ги внесуваат. Меѓутоа, можеби не сте знаеле дека внесувањето на помалку калории може да преставува и "меч со две острици" и да ги саботира сите ваши обиди за намалување на телесната тежина.



Калориите и Вашето здравје

Најефикасниот начин за губење на килограмите е доколку внесувате помалку калории отколку што трошите, создавајќи на тој начин дефицит на калории. Меѓутоа, доколку таквиот дефицит стане преголем, вешиот организам може да влезе во состојба на изгладнетост. Тогаш организмот ќе започне да сладира масти, како резерва за енергија која ќе му биде потребна во период на глад. На тој начин, ќе дојдете во една состојба на мирување на телесната тежина.

Според нутриционистите, првото златно правило се состои во тоа никогаш да не дозволиме дневниот внес на калории да падне под 1,200 за жени и 1,500 за мажи.

Значи, под услов на бројот на внесените калории да не падне под 1,200, можете да го намалите внесот на дневно внесените калории во поглед на оние кои ви се препишани, меѓутоа никако не престанувајте со вежбање и дозволете си повремени уживања во вкусни, висококалорични оброци, со цел да ја спречите појавата на губење на тежината на мускулната маса.

Внесувањето на премалку калории може да се да се претвори во магичен круг, кој предизвикува нарушување во исхраната. Доколку драстично го намалите бројот на внесените калории, наверојатно ќе станете фрустрирани, поради тоа што вашите обиди не вродуваат со саканите резултати. На тој начин, може да дојде до прејадување и по некое време и дополнително зголемување на телесната тежина.

Исклучително е тешко да се постигне рамнотежа помеѓу намалувањето на бројот на внесените и оптималниот број на потребни калории. Најчесто нејадењето во текот на денот доведува до силно чувство на глад и како последица на тоа прејадувањето во подоцнежните часови од денот. Благодарение на фрустрацијата која ја чувствувате гледајќи дека не сте усеале да изгубите ниту еден килограм, најчесто се откажувате и се враќате на старите навики.

Заменете ги "празните калории" со здрави калории. Преку заменување на заситени масти и рафинираните шеќери со здрава храна, богата со растителни влакна, витамини и минерали значително се подобрува функцијата на метаболитичките реакции и регулирањето на телесната тежина.

Освен што дејствува во насока на саботирање на вашите обиди за слабеење, внесувањето на претерано мал број на калории исто така може да му наштети и на вашето здравје. Кога вашиот организам ќе западне во состојба на изгладетост, се зголемува ризикот од бројни нарушувања какo:

Низок притисок и забавена срцева стапка
Нарушувања на срцевиот ритам
Нарушена електролитна рамнотежа, особено недостаток на калиум
Камења во бешиката
Опаѓање на косата
Кршливи нокти
Прескокување во менструалниот циклус кај жените
Нарушување на хормоналната рамнотежа
Вртоглавица
Депресија

Запомнете дека калориите не се никаков непријател. Тие претставуваат витален дел од здравиот и енергичен животен стил. На организмот му е потребен одреден број на калории за правилно функционирање. Токму поради тоа непотребните диети, кои вклучуваат драстично намалување на бројот на калории ве прави исцрпени, лесно раздраздливи и подготвени да се откажете во секој момент.

Постигнете рамнотежа со калориите

Наместо да се измачувате во таквите тешки диети, изнајдете разумен начин за консумирање на оброците и план за вежбање, кој ќе ви овозможи да ослабете до еден килограм, неделно. Постојат докази дека лицата кои губат килограми според горенаведената статистики - внесувајќи здрави навики за јадење, консумирање на не толку обилни оброци и физичка активност - имаат најголема веројатност да ја одржат идеалната телесна тежина во текот на целиот живот. Направете план за внесување на здрави животни навики, кон кои ќе се придружувате континуирано и дозволете си мали гастрномски излети во посебни прилики.

www.hrana.com.mk
TiTaN
WHAT MIND BELIVES... THE BODY CAN ACHIVE
Senior Boarder
Posts: 43
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male stefanoski_t@hotmail.com Location: Тетово Birthday: 06/17
The administrator has disabled public write access.
THE SECRET IS TO MAKE YOUR MIND WORK FOR YOU

NOT AGAINST YOU...
 
#17743
Re:Помалку внесени калории и метаболизам 7 Years, 9 Months ago Karma: 9
Дури и не е потребно да се бројат калории за стројна фигура...вегетаријанство или макробиотика е се што треба да се примени или додаде кон веќе постојната диета.Најважно е да се исфрлат секакви рафинирани,преработени индустриски продукти од менито,вклучувајќи ги белите отрови како шеќер,леб и ориз.
ЛИНК
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда