Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Основа
#706
Основа 8 Years, 10 Months ago Karma: 3
Меч со две острици, е изрека која се користи од дамнина. Нејзиното потекло со тоцност неможе да се одреди, но се однесува на меч кој од двете страни има остри ивици и кој подеднакво лесно може да го пресече и оној кој замавнува со него и тој кој е мета.
Само трапав мачевалец би можел сам себе да си го пресече вратот. Но, една кинеска поговорка вели, Образованието е како меч со две острици. Ако со него не се ракува прописно, тоа може лесно да се заврти во опасни намени.
Во бодибилдингот има многу полиња каде оваа изрека може лесно да најде примена. Кардио тренинг, полнење-празнење...а особено употребата на лековите. Поголемиот дел од овие лекарства изгледаат безопасно, меѓутоа, тие знаат да бидат во одредени случаеви и фатални по животот на тој кој посегнал по нив. Иако, големиот број на "стручњаци" кои шетаат по интернетот и форумите, тврдат дека немаат никакви проблеми од нивната употреба, сепак не објаснуваат како надворешните промени видливи со голо око кај оној кој ги употребува, не предизвикува и внатрешни промени (промени на органи и жлезди) кои за жал не се видливи со голо око?!
Што се стероидите?
Тестостеронот е примарен машки полов хормон, кој природно се произведува во нашето тело. Мажите, во просек произведуваат тестостерон од 6-10 мг тестостерон дневно. Стероидите се синтетички производи на тестостеронот и неговите деривати.
Возраст за почеток на нивна употреба.НИкогаш, ако немате натпреварувачки амбиции и здравствени проблеми. А ако евентулано имате натпреварувачки амбиции, може, но само ако имате наполнето 21 година возраст. Се додека сте во раст и развој, не е препорачливо да започнете хормонална терапија. Вашиот ендокрин систем под 21 година функционира без никакви проблеми, а секоја хормонална терапија може да го пресече во својот развој и да доведе и до фатални промени. Тоа е што се однесува до возраста. Но, не е паметно да некој кој има 25 години старост и пет месеци вежбачко искуство, започне веднаш со употреба на лекови. Значи вториот битен фактор е и стажот на вежбање. Се додека не го достигнете вашиот природен максимум, не е препорачливо да преминете на терапија со лекови.
Орални или инјективни.
Поголемиот број на оралните стероиди се отворни за црниот дроб. Причина е тоа што орлано внесените стероиди поминуваат двапати низ црниот дроб, која пак имаат задача да се што ке помине низ него го филтрира и ако нема потреба организмот од него, го спречи во негово користење од страна на организмот. Од оваа причина научниците извршиле замена на еден атом на водород со атом на јаглерод на 17 позицина од молекулата на стероидот, што дозволува да поголем дел од концентрацијата на стероидите без проблем помине низ црниот дроб и да не биде уништена од негова страна. Иако овој потег е потребен за целосно искористување на стероидите, сепак тоа врши голем стрес врз црниот дроб.
Инекционите стероиди се само за мускулна употреба. Тие мораат да бидат аплицирани интрамускуларно, длабоко во мускул и никако поинаку. Постојат два типа на инекциони стероиди. Маслени и водни. Водените се матаболизираат побрзо и бараат нивно почесто аплицирање (дневно), додека маслените се метаболизираат побавно и генерално нивната употреба е еднаш или двапати во неделата.
Каде се аплицира.
Најдобро е да не експериментирате со ова воопшто. Приучени работи можат лесно да доведат до многу покомплицирани проблеми. Иако 99% од корисниците самите меѓусебе ги аплицираат, а имаат некакво општо познавање од оваа област, сепка моја препорака е тоа да го изведе стручно медицинско лице. Секаква промена на местото на аплицирање, црвенило, модро, оток, температура, бол, пожелно е веднаш да се обратите кај доктор и да не експериментирате и се доведете во лоша состојба.
Колку мускули ќе се добие од еден циклус.
На ова прашање е невозможно ни приближно да се даде одговор, поради фактот што тоа зависи од голем број на други фактори, како на пример- тип на стероиди кои се користат, должина на циклусот, искуството со нивната употреба, тренинг, исхрана, одмор ...
Што е ПЦТ?
ПЦТ-PCT (Post Cycle Therapy) е терапија која се применува после секој циклус и употреба на стероиди. Таа има за цел што е можно побрзо организмот да го доведе во нормлано произвотство на природниот тестостерон или функционирање на останатите жлезди со внатрешно лачење. Нејзина правилна примена ќе ви помогне да задржите што е можно поголем дел од стекнатите мускули за време на циклусот. Во зависнот од должината на употребата на лековите, неивниот избор и тип, нивната количина, зависи и должината на оваа терапија, и лековите кои ќе бидат применети во неа.
admin
ХЕРКУЛЕС, едноставно најдобар.
Admin
Posts: 625
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Скопје
The administrator has disabled public write access.
 
#2061
Re:Основа 8 Years, 9 Months ago Karma: 13
Prasanje.....
Me interesira ,na koj nacin Tribulusot go vraka prirodnoto lacenje na testosteronot vo teloto posle ciklus; za kolku vreme ke se dovede vo normalna sostojba; i dali e pametno i efikasno da se koristi Tribulus vo tek na ciklus so Testosteron Depo??
ako moze nekoj da mi go objasni ova.....fala
Paki
Animal
ВИП
Posts: 331
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mr.o4cs@hotmail.com Location: Skopje
The administrator has disabled public write access.
Hardcore
 
#2067
Re:Основа 8 Years, 9 Months ago Karma: 3
Paki напиша:
Prasanje.....
Me interesira ,na koj nacin Tribulusot go vraka prirodnoto lacenje na testosteronot vo teloto posle ciklus; za kolku vreme ke se dovede vo normalna sostojba; i dali e pametno i efikasno da se koristi Tribulus vo tek na ciklus so Testosteron Depo??
ako moze nekoj da mi go objasni ova.....fala


www.herkules.com.mk/index.php?option=com_fireboard&Itemid=56&func=view&catid=16&id=2066#2066
admin
ХЕРКУЛЕС, едноставно најдобар.
Admin
Posts: 625
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Скопје
Last Edit: 2009/07/15 08:17 By admin.
The administrator has disabled public write access.
 
#34720
Re:Основа 4 Years, 6 Months ago  
Bi sakal da objasnam eden termin koj cesto se koristi od "naprednite" vezbaci i od "strucnjacite",a poznavajki go pretsedatelot,siguren sum ke dobijam podrska...
Znaci,sakam da kazam nesto za terminite "Upotreba na doping"(mislejki na pomali dozi),kako i "zloupotreba na doping"(mislejki na golemi dozi),koi se koristat za da se opravda koristenjeto na lekovi vo nasite teretani.Znaci,koga stanuva zbor za lekovi,treba da imame vo predvid deka sekoj lek e namenet za nekoja cel,t.e. indikacija.Sekoe koristenje nadvor od indikaciite,a so cel da se predizvika druga promena(korist/steta),e zloupotreba.Znaci,bi gi smenil terminite vo "Upotreba na doping" i "Zloupotreba na lekovi".Sekogas koga koristime testosteron,klenbuterol,diuretik i dr.,nie go koristime nadvor od negovite indikacii za koi e proizveden,odnosno,go zloupotrebuvame.
So ova ne go nitu osuduvam,nitu opravduvam koristenjeto na lekovi,tuku samo sakam da kazam deka koga ke se odlucite da koristite lekovi,bidete vnimatelni,konsultirajte se,educirajte se i imajte sekogas predvid deka vrsite zloupotreba na lekovi..
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
#35122
Re:Основа 4 Years, 6 Months ago Karma: 5

еве ви најточно најдобро и се нај ( се во суперлатив ) објаснување.
Верувам никогаш нема ништо пробано
За 3 месеца врвот се постигнува
Дечково е закон
undertaker_vojce
Gold Boarder
Posts: 303
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Велес Birthday: 12/27
The administrator has disabled public write access.
vojce_kane@hotmail.com
vistinskata e-mail adresa
 
#35123
Re:Основа 4 Years, 6 Months ago Karma: 150
Има пробано.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11539
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#35139
Re:Основа 4 Years, 6 Months ago Karma: 5
Ѓороски wrote:
Има пробано.

Ме заеба во хејтањето хахаха
undertaker_vojce
Gold Boarder
Posts: 303
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Велес Birthday: 12/27
Last Edit: 2013/10/26 13:00 By undertaker_vojce.
The administrator has disabled public write access.
vojce_kane@hotmail.com
vistinskata e-mail adresa
 
#36233
Re:Основа 3 Years ago  
Некој да ја има книгава Anabolic Steroids lenehan, patrick free pdf download?
Се отепав од барање, ја најдов само да ја читам дирекно на една страна, али очи ми истекоа на првите 30 страни
Dansio

The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда