Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Тестостерон бустери
#30143
Тестостерон бустери 5 Years, 7 Months ago Karma: 10
Тестостеронот е најмоќниот андроген или уште попознат како машки секс хормон. За време на тинејџерските години, произвдството на тестостерон почнува да го комплетира репродуктивниот систем. Кога некој се занимава со бодибилдинг, за време на тежинскиот тренинг, концентрацијата на тестостерон во телото се зголемува дури до 37%.
Високото ниво на тестостерон значи и побрзо добивање мускулна маса а паралелно на тоа и сила. Не постои друг побитен хормон од тестостеронот во процесот на градење мускулна маса. Во светот на спортската нутриционистичка наука, за среќа постојат напоредно развиени формули кои помагаат да се достигне максималниот потенцијал на лачење на тестостеронот. Тие формули се нарекуваат тестостерон бустери.
Тестостеронот е стероиден хормон од групата на андрогени. Тој е извлечен од холестеролот, како и другите останати стероиди. Ефектот на тестостеронот врз луѓето зазема место преку два система: со активрање на андрогениот рецептор, и конвертирање во естрадиол и со активирање на одредени естрогени рецептори.
Симптоми на намалено ниво на хормони во телото на повозрасните луѓе се: премореност, губење на мускулан маса или неможност на градење нова мускулна маса, непостоење на желба за секс, ерекциска нефункционалност, губење на меморијата и намален фокус, зголемување на тежината и спор метаболизам и нервоза.
Како да го зголемите природниот потенцијал на телото да лачи повеќе тестостерон? Во продолжение ќе ги прочитате најпопуларните тестостерон бустери кои може да се најдат на маркетот за суплементи.
ANDROSTENEDIONE
Овој продукт е еден од многуте тестостерон бустери на пазарот. Неговите хемиски варијанти се: Androstenediol, Nor-Androstenedione, и Nor-Androstenediol. Овие производи најпрво се произведени во Германија а намерата била да имаат анаболички ефект како стероидите. Главната разлика помеѓу овие производи и анаболичките стероиди е тоа што стероидите се синтетички деривати на тестостеронот. Andro продуктите се претходници на тестостеронот,што значи дека тие и не се тестостерон, но може да се претворат во тестостерон преку биохемиските реакции во телото. Тие се претвораат во тестостерон кога доаѓаат во контакт со ензимите во црниот дроб. Андро продуктите можат да го подигнат нивото на тестостерон дури до 600%, и поради тоа од повеќето луѓе се сметаат како "лесни" т.е. "послаби" стероиди.
Зголемувањето на тестостеронот со Андро продуктите може да доведат и до некои несакани ефекти како опаѓање на косата, појавување на влакна по телото, акни, геникомастија и агресивност, но тоа се е субјективно и зависи од корисникот. Појавувањето на овие несакани ефекти не е толку изразено како кај стероидите.
Резултатите од користењето на Андро не може да се споредат со оние од стероидите, но Андро производите со многу побезбедни,а исто така и поефтини. Овие производи треба да се користат само од лица кои се здрави и имаат над 21 година. Се препорачува да не се користат подолго од 6 недели последователно и потребно е да има 4 недели пауза со што ќе му се дозволи на телото да произведува хормони на своето природно ниво.
TRIBULUS TERRESTRIS
Tribulus Terrestris се користел во Бугарија пред многу години претходно за да им се сигнализира на сензорите на телото да произведуваат тестостерон. Трибулусот долго време се користел и како лек против секусална нефункционалност. Ефектите од трибулусот вкулчуваат зголемено лачење на хормонот тестостерон, зголемено производство на сперматозоиди, и зголемено либидо. Трибулусот е многу сигурен за користење, и нема појава на никакви несакани ефекти..
hGH-PH Complex
Овој производ има капацитет драстично да го зголеми лачењетона хормонот за раст, и да го зголеми нивото на тестостерон. Користи систем составен од три фази за постигнување на целта: систем на препознавање и одговор, систем за потенцирање на амино киселините и систем за потенцирање на тестостеронот. Овој производ во него содржи: пептиди, 4-Андродиол, 5-Андродиол, Нор-4-андродиол и Нор-4-Андродион (en. peptides, 4-Androdiol, 5-Androdiol, Nor-4-Androdiol and Nor-4-Androdione )
ZMA
ZMA е патентирана кратенка за Zinc-methionine-aspartate, што претставува микс од 30 милиграми цинк, 450 милиграми магнезиум и 10.5 милиграми Витамин Б6. Овој производ претставува најдобар природен тестостерон бустер моментално достапен на пазарот.
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
#34845
Re:Тестостерон бустери 4 Years, 6 Months ago  
Планирам да го земам овој бустер, имам 21 година, вежбам 2 и пол години и досега сум земал доста суплементација, али еве за прв пат и нешто вакво. Мислење од вас дали би ми требало или не, инаку прво размислував за ЗМА али некаде слично пари ми идеше па се мислам за овај. Ви благодарам
Dansio

The administrator has disabled public write access.
 
#34868
Re:Тестостерон бустери 4 Years, 6 Months ago Karma: 24
А која е причината што си се одлучил за Трибулус покрај толку суплементи ?
Што очекуваш од него ?
mafmaf
Moderator
Posts: 583
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2013/10/10 16:08 By mafmaf.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда