Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Влијание на внесот на вода врз физичкиот изглед
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Влијание на внесот на вода врз физичкиот изглед
#36509
Влијание на внесот на вода врз физичкиот изглед 2 Years, 3 Months ago  
(Зошто пиеме толку многу вода пред натпревар/фотосесија)

Иако за лаиците звучи нелогично-да пиеш огромни количини на вода за да го исфрлиш вишокот на вода,телото функционира по своја логика која ќе пробам да ја објаснам.Телото совршено се приспособува на внесот на вода и минерали,но тоа не значи дека не можеме да го изманипулираме.Постои хормон-Алдостерон кој игра клучна улога во регулацијата на телесни течности и минерали преку еден сложен механизам и врска со уште некои хормони во кои нема да навлегувам.Нема да навлегувам во медицина,ќе се фокусирам на она кое не интересира(влијанието на овој хормон врз количината на поткожна вода,а со тоа и на изгледот) ,па ќе заокружам само дека кога внесот на течности и натриум е намален,Алдостеронот се лачи од кората на надбубрежната жлезда и предизвикува задршка на натриум и вода(како не би дошло до пад на крвниот притисок и низа други пореметувања).Тоа е одбрамбен механизам на телото.Обратно,кога големи количини на течности се внесуваат,нивото на алдостерон паѓа,па настанува исфрлање на течностите од телото-телото сфаќа дека има вишок на вода(поради големата ингестија) и се бори да остане во нормала и баланс.Она што е чудно и навидум контрадикторно е кога оние кои се спремаат за бодибилдинг/фитнес натпревар,или некоја фотосесија,пијат по 8-10-12,па дури и 15 литри вода на ден.Кога на ова ќе додадете и сол,навистина изгледа нелогично.Но позадината е следна:Телото поради големиот внес на вода и сол (прво мора да бидат елиминирани поткожните масти) ја минимизира продукцијата на алдостерон,бидејќи е презаситено од вода и натриум,па во негов интерес е да исфрли што повеќе вода.Кога последниот ден ќе ја прекинеме водата(солта се прекинува во зависност од повеќе фактори),телото сеуште не почнало со продукција на алдостерон(тој е инхибиран од големиот внес од претходните денови),па го исфрла вишокот вода,во кој спаѓа и поткожната вода.Затоа на денот на натпреварот натпреварувачот го има посакуваниот "сув" изглед и тенка кожа под која се наѕира секое мускулно влакно.Обратно-после натпревар поради враќањето на солта во исхраната заедно со водата и шеќерите,телото поради феноменот на суперкомпензација ќе задржи многу гликоген,натриум и вода.Затоа после натпревар натпреварувачите знаат да качат и по 5,8,10 килограми телесна маса. Кога ќе ги разберете основните физиолошки механизми,успешно ќе манипулирате со вашето тело и ќе го добиете посакуваниот изглед.Се надевам ви бев од помош.
Др.Александар Стојменов
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда