Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Намалување на телесните масти - ОСНОВИ
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Намалување на телесните масти - ОСНОВИ
#279
Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 8 Years, 11 Months ago Karma: 4
НАПОМЕНА: Овој текст е наменет првенствено за почетниците и оние кои се помалку упатени во оваа област. Ова се основите кои треба да се познаваат во врска со процесот на намалување на телесните масти.


Како да се намалат мастите и да се стане дефиниран

За да се одржи нивото на масти во телото ниско, многу бодибилдери користат неколку едноставни концепти за диета, кои се релативно непознати за пошироката маса.
Многу луѓе веруваат дека мора да се биде “ профи бодибилдер” за да се користат вакви информации, но тоа едноставно не е вистина.
НЕ МОРА да си профи бодибилдер за да постигнеш солидни резултати со помош на ваквите техники. Секој кој сака да изгуби масно ткиво, МОЖЕ да ги користи овие техники!


“Не така добар” начин за слабеење

Доколку се во прашање само неколку кг кои сакате да ги изгубите, тогаш веројатно нема потреба од диета која е многу обемна и сложена. Иако не се препорачува, повеќето луѓе во вакви ситуации вообичаено ги избираат т.н. “модерни” диети кои ќе предизвикаат губење на телесна тежина со редукција на дневниот внес на калории. Овие диети навистина “работат”, но би требало да сте претпазливи во врска со проблемите кои доаѓаат заедно со нив:

Прво
Истражувањата докажале дека повеќето луѓе кои ги користат овие диети, ќе ја вратат изгубената тежина кусо време после престанокот на диетата. Во повеќето случаи, тие враќаат повеќе одошто изгубиле! Ова е последица која повеќето луѓе не ја земаат предвид. Вообичаено тие пијат диетални шејкови, или пак јадат специјална храна неколку месеци и губат голема количина на тежина, но што се случува кога ќе дојде време да се престане со диета и да се вратат на стариот начин на исхрана? Најголем број вообичаено почнуваат да се дебелеат повторно.
Модерните диети дефинитивно ќе ви помогнат да ослабите брзо, но што се случува кога се враќате на стариот резим на исхрана? Најверојатно ќе се вратите на вашите стари навики на исхрана. Значи, невозможно е да се остане на таква диета засекогаш и порано или подоцна ќе морате повторно да се соочите со “вистинска” храна. Значи, повеќето модерни диети имаат ефект, само прашање е колку долго остануваат резултатите?
Било која успешна техника за губење масти, се состои во промена на навиките за јадење и бара постојани резултати, а не варијации.
Добриот програм би требало да ви помогне не само во губење на високот килограми, туку и да ви овозмози трајна промена во навиките за исхрана кое што ќе помогне во одржувањето на вашето тело во добра форма.

Второ
Со модерните диети ќе изгубите повеќе мускулна маса одколку масно ткиво. Сега, би можеле да речете: “Не е важно се додека изгледам слабо”, но потребно е да сватите дека мускулното согорува повеќе калории одколку масното ткиво, а ова помага во одржување на вашиот метаболизам на високо ниво.
Исто така, мускулот дава поубава форма и дефинираност на телото во целост.
Значи, ќе завршите со помал процент на мускулно ткиво во однос на почетокот, успорен метаболизам (поради одбрамбените механизми во телото) што значи дека васето тело ќе согорува помалку калории, а ќе депонира повеќе масти.
Накусо кажано, секако ќе намалите телесна тежина, но со поголем процент на масно ткиво, помалку мускули и без дефиниција. Затоа луѓето кои употребувале вакви диети (јо-јо стил), ќе изгубат на телесна тежина и ќе изгледаат послабо, но сепак ќе останат “меки” и растресити. Се познаваат по нивните “клатечки” трицепси (за жал повеќето девојки кај нас го имаат овој “синдром” на мафтачки трицепс).
Овој начин на диета е познат по ослабнување на имуниот систем!


Најдобар начин на губење масти

Искрено, доколку ви е смачено од прекумерната тежина, мекоста, или пак ако очајно сакате да ги изразите своите стомачни, тогаш морате да се едуцирате, информирате и најважно од се да бидете СЕРИОЗНИ во врска со промената на вашето тело (физички изглед). Тоа мора да ви стане ПРИОРИТЕТ (барем додека не се постигне целта). Не постојат брзи поправки и промени, но како и да е, доколку ги користите вистинаските информации, ќе бидете во можност да постигнете драматични промени на вашиот физички изглед за релативно краток временски период.


“Паметна” исхрана (диета)

Секој бодибилдер знае дека првиот чекор кон добивање на мускул и губење на масти е правилна исхрана. Кога ќе се спомне правилна исхрана, не се мисли само на вистинскиот калориски внес, туку на вистинскиот внес на протеини, ЈХ и масти, внесени во вистински размер и во вистинско време.
Диетата треба да овозможи максимално губење на масти, минимално губење на мускули.
Еве неколку точки кои треба да се запомнат:


Јадете почесто

За да се изгубат масти мора да се јаде (контра на општото размислување). Никако изгладнување! Човечкото тело е дизајнирано за ОПСТАНОК и дел од неговите механизми за опстанување вклучуваат депонирање на масни наслаги како резерви во евентуалните моменти на глад. Значи, доколку се навикнете на “нејадење” или пак јадење на мали количини на калории дневно, вашето тело ќе помисли дека се наоѓате во ситуација на гладување и ќе ги активира системите за одбрана (опстанок) со максимално успорување на метаболизмот. Тоа само се обидува да сочува енергија (која се мери во калории) затоа што добива многу малку хранливи материи. Вашиот метаболизам ја детерминира брзината на согорување на калории, па доколку имате брз метаболизам ќе согорувате повеќе калории со помал напор, но доколку имате спор метаболизам, согорувањето на калории ќе стане проблем, особено калориите од масти. (1г протеин=4кцал=1г ЈХ; 1г масти=9кцал).
Вашето тело СЕКОГАШ ќе го успорува метаболизмот како одговор на постојаниот МАЛ внес на калории.
За да се избегне ова, едноставно мора да јадете. За жал, јадење на само 3 вообичаени оброка на ден нема да помогне. Тоа не го обезбедува вашето тело со константен проток на нутриенти и поштојан дотур на енергија потребна за забрзување на метаболизмот и согорување на калории. Идеално, би требало да имате 5-6 оброка еднакво разделени преку денот.

Јадете помалку калории

Диетата треба да создаде мек калориски дефицит. Со други зборови, треба да согорувате повеќе калории одколку што внесувате. Одкако васето тело ги искористило сите калории внесени преку храната, би требало (теоретски) да почне да ги користи депонираните масти за енергетските потреби. Како и да е без тежински тенинг за стимулација на мускулниот раст и манипулирање со диетата за избегнување на катаболизам, телото ќе почне да ги користи мускулните ќелии за енергија, наместо мастите!
За да се изгубат телесните масти, калорискиот внес треба да е 10-12 пати од телесната тежина. (тоа се 1000-1200 кцал за човек од 100кг). Консумирање на 6 оброка дневно, тежински тренинг и кардио тренинг би било од огромна помош за забрзување на метаболизмот. За околу 6-8 недели е потребна промена на програмот бидејки телото се навикнува на резимот и почнува да го успорува метаболизмот. Ова е точката каде што варирањето на калорискиот внес е од огромно значење за да се продолжи напредокот.



Јадете повеќе протеини

Идеалниот режим за губење масти содржи среден внес на масти, среден внес на ЈХ и висок внес на протеини. Протеините се неопходни за градење и регенерација на мускулите, а исто така имаат улога и во забрзување на метаболизмот и подобрување на имуниот систем.
За постигнување на максимално зголемување на мускулно ткиво како и регенерација на истото, треба да внесувате барем 2г протеин на 1 кг телесна тежина. Добри извори на протеини се немасно месо (стек, риба, телешко…), белка од јајце, веј протеин и соја протеин изолат.
Многумина би мислеле дека овие количини на протеински внес се преголеми или дури и стетни. Како и да е, секој е различен (големина, висина, тежина, метаболизам, психички стресови, стил на живот итн) па затоа е скоро невозможно да постои единствен број. Исто така многу доктори би рекле дека тоа е голема количнина на протеин. Но факт е дека тие на сите луѓе гледаат еднакво, како сите да се обични секојдневни индивидуи. Тие не го земаат предвид физичкиот напор и интензитетот и бројноста на тренинзите кое што создава голем стрес на организмот, со кој обичните луѓе никогаш не се соочуваат.


Јадете повеќе масти

Точно-повеќе МАСТИ. Многумина на ова ќе речат: “Мојот доктор кажа дека нивото на холестерол ми е високо и не смеам да јадам масти”…Звучи познато?
Мора да сватите од каде доаѓа вашиот доктор. Мнгоумина од областа на медицината настојуваат да бидат на страната на општото мислење. Многу техники кои бодибилдерите, дигачите на тегови и атлетите ги користат за зголемување на силата и масата, не се докажани од медицинската заедница, па затоа ги сметаат за не ефективни. На пример, повеќето тренери сеуште се расправаат околу стероидите и хормоните велејќи дека тие не ја зголемуваат чистата мускулна маса, затоа што наводно не постои студија која го докажала тоа, но билдерите знаат поинаку.
Заситените масти (животински масти) ќе го покачат нивото на ЛДЛ (лош холестерол). Ова е она што ги затвора артериите, но невозможно е нивно комплетно отстранување од диетата.
Заситените масти се причина за многу болести како што е срцевата болест, ракот, па затоа е потребно внимание.
Есенцијалните масни киселини (незаситени масти) се неопходни за иљадници биолошки функции во телото. Тие не можат да се произведат во телото, па затоа е потребно нивно константно внесување преку исхраната. Всушност тоа се и единствените масти кои ни се потребни. Постојат два типа на незаситени масти – линолеична киселина (омега-6) и линоленична киселина (омега-3).
Овие масни киселини не само што помагаат во зголемување на производството на тештостерон, туку и во превенција од катаболизам (разградување на мускулното ткиво), а и го зголемуваат нашиот ХДЛ (добар холестерол) и помагаат во продукција на хормоните.

Употребувајте СУПЛЕМЕНТИ (додаточи во исхраната)

Како што кажува самото име, тоа се ДОДАТОЦИ во исхраната чија функција е да ја надополнат постоечката диета, а НЕ ДА СЕ КОРИСТАТ како главни прехрамбени продукти.
Доколку не тренирате и јадете правилно, тие нема да ви помогнат, само ќе ви го олеснат џебот.
Прв и најважен е веј протеинот. Внесувањето на протеински прашок го потпомага достигнувањето на бараната количина на дневен протеински внес. Ова важи за потешките луѓе или понапредните вежбачи за кои е навистина тешко да постигнат соодветен протеински внес од храната. Два други суплементи кои се многу потребни се амино киселината Л-ГЛУТАМИН и витамин Ц. Витаминот Ц помага во регенерација на врзивните ткива, како и во мал милион други функции во телото, додека Л-Глутаминот помага во зајакнување на имуниот систем, одржување на хидрација на келиите и заштита од катаболизам.
Тајната за добивање на “six pack” е ДИЕТА!

Доколку сакате некогаш да си ги видите стомачните, единствениот начин е ДИЕТА. Многумина можеби и ќе го оспорат ова, но за жал тоа е вистината. Ниедна количина на стомачни вежби, број на повторувања, интензитет нема да направат видливи штомачни доколку се нема правилен режим на исхрана. Со други зборови, не е можно согорување на масните наслаги околу стомакот само со вежбање стомачни. Телото не функционира на тој начин.
Доколку имате масни наслаги околу струкот и на стомакот, единствениот начин за нивно губење е соодветна диета проследена со програм за вежбање.
Дури и вежбањето на стомачни не треба да е повеќе од 2 пати неделно. Стомачните се мускули како и сите други. Но, без разлика колку пати е ова кажано, тоа едноставно како да не допира до луѓето и тие и понатаму ќе продолжат да ја бараат таа волшебна вежба за стомак што ќе им ги направи штомачните видливи.
Еве ја тајната: “Стомачните се прават во кујна, а не во теретана!”


Вежбање (Аеробен и тежински тренинг)

За забрзување на процесот на губење масти и зголемување на мускулното ткиво, неопходен е тежински тренинг. Придобивките од тежинскиот тренинг се толку големи што јас едноставно не знам зошто сите не го практикуваат. На пример, тоа помага во зголемување на мускулната маса. Ова е неопходно и основно бидејки мускулите трошат повеќе калории од масните наслаги, па затоа колку повеќе мускули, толку побрз метаболизам. Тежинскиот тренинг исто така помага во подобрување на тонусот на постоечките мускули, давајки ни поубава силуета. и како дополнителен бонус, вежбањето многу помага во зајакнување на коските и тетивите, што е од особено значење за спречување на повреди во староста.


Внимавајте на претренираноста

Некои луѓе мислат дека повеќе тренинг значи и повеќе мускули и повеќе губење масти. Ова не е вистина. Пречесто тренирање не им дава можност на мускулите да се регенерираат. Не само што нема да се зголеми мускулната маса, туку се излозуваме себе си на ризик од повреди – како одговор на телото на пречестите интензивни тренинзи.
Погрешна диета и претренираност се две главни причини поради кои повеќето луѓе никогаш не успеваат да изградат убаво обликувано тело.
Некои луѓе поминуваат по 2 часа во теретана 6-7 пати неделно, а секогаш изгледаат исто.
(секако има разлика ако се користат ААС).


Бидете доследни

Ова може да биде разликата помеѓу успех и неуспех. Желбата да се ослабне и да се изгледа добро, не е доволна сама по себе.
Мора да бидете свесни и спремни да се соочите со повремените неугодности кои доаѓаат со диетите за “чистење”. Како и да е, кога подобро ќе размислиме, ништо во животот кое е вредно да се има, не се достигнува лесно и преку ноќ.
Ако целта не е доволно јасна и не е приоритет, тогаш во ред. Престанете да се залажувате себе си и залудно да си го трошите времето и продолжете понатаму со животот.
Но, доколку навистина сакате резултат, тогаш желбата направете ја ПРИОРИТЕТ.
Не треба да постои ништо помеѓу вас и вашата цел, се додека не ја постигнете саканата форма. Се дотогаш треба да живеете, дишете и јадете за СЛАБЕЕНЈЕ!

СРЕКЈНО!
Igor
HARDCORE
ВИП
Posts: 133
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mali1705981 igor_bbk"hotmail.com ZVER Location: Skopje Birthday: 05/17
The administrator has disabled public write access.
Effort = Results
 
#286
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 8 Years, 11 Months ago Karma: 3
Одличен текст и вовед во тајните за стомачни мускули.
admin
ХЕРКУЛЕС, едноставно најдобар.
Admin
Posts: 625
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Скопје
The administrator has disabled public write access.
 
#291
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 8 Years, 11 Months ago Karma: 1
odlicna tema i odlicen sovet fala ti igore
sandra
Fresh Boarder
Posts: 11
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Female a.madzaroska dr-aleks@hotmail.com Location: skopje Birthday: 12/03
The administrator has disabled public write access.
SANDRA
 
#377
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 8 Years, 10 Months ago Karma: 13
Igor rulezzzzzzzzzzzz
Paki
Animal
ВИП
Posts: 331
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mr.o4cs@hotmail.com Location: Skopje
The administrator has disabled public write access.
Hardcore
 
#1535
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 8 Years, 9 Months ago Karma: 2
mnogu dobar tekst.. nesto so treba da bidi opsto znaenje..
invinsible
Platinum Boarder
Posts: 893
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
The administrator has disabled public write access.
“The size of your success is measured by the strength of your desire; the size of your dream; and how you handle disappointment along the way.” Mile' S.
 
#20503
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 7 Years, 5 Months ago  
principe

Last Edit: 2010/11/04 01:51 By .
The administrator has disabled public write access.
 
#21028
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 7 Years, 5 Months ago Karma: 9
admin wrote:
Одличен текст и вовед во тајните за стомачни мускули.

Gospodo sto se desava so tebe???...te nemam videno na forum so meseci???...Javi se ponekogas,ne zaboravi a?
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#21031
Re:Намалување на телесните масти - ОСНОВИ 7 Years, 5 Months ago Karma: 150
Изгледа мисли дека можеме и без него
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11538
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда