Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Времето и оброците во бодибилдингот
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Времето и оброците во бодибилдингот
#30019
Времето и оброците во бодибилдингот 5 Years, 5 Months ago Karma: 10
На мускулните клетки им е потребна храна на секои 3 до 4 часа, па затоа распоредете ги вашите оброци на секој 3 до 4 часа. Оптималниот број на оброци треба да биде 4 или 5 дневно или 6+ доколку сакате да качите маса. Треба да го определите времето кога ќе јадете, а не да јадете кога ќе чувствувате глад. Доколку ги храните вашите мускули постојано на секој 3 до 4 часа со потребните калории тие структурно ќе имаат придобивка од тоа, а и вашите гликогенски резерви постојано ќе се обновуваат со што мозокот работи на највисоко ниво. Со овој начин вашите мускули целосно ќе се опорават во временскиот период помеѓу тренинзите, бедејќи нутритивниот микс од протеини, јагленохидрати и масти ќе го снабдат телото со се она што му е потребно за да го забрза метаболизмот,да ги согорува вишокот маснотии а најбитно, да ги задоволи нутритивните потребните на вашите мускули.

Единствениот извор на енергија за мозокот е гликозата. Сите јагленохидрати кога ќе се разложат се претвораат во гликоза (и простите и сложените јагленохидрати, но сложените јагленохидрати содржат влакна и треба да ви бидат приоритетен избор на јагленохидрати). Јадете тоа што ви е потребно според пресметаниот дневен калориски внес, не се прејадувајте. Избегнуајте јадење доцна навечер,бидејќи најчесто оваа храна ќе се складира како масти, освен ако не е ниско калорична, протеинска, или сложени јагленохидрати со низок гликогенски рејтинг. Јадењето доцна навечер може да резултира и со потешкотии во заспивањето, бидејќи храната ќе се вари во стомакот, нема да можете да спиете длабоко, а само тогаш се ослободуваат хормоните за раст, давајќи биохемиски сигнали на нашето тело да согорува мастите кои се складирани и да ги обновува оштетените мускулни клетки. Потребни се најмалку 8 часа спиење.
Вашиот прв оброк јадете го рано наутро, за да имате можност да ги сместите останатите 3-4 оброци во текот на денот. Првиот оброк во денот е најважен заедно со оброкот после тренинг. Оброкот после тренинг трбеа да биде конзумиран до 30-40 минути по завршувањето на тренингот, бидејќи тогаш телто има најголема потреба од надополнување на гликогенските резерви, кои се празнат за време на тренингот. Оброкот пред тренинг и наредниот најважен оброк во денот, после првиот и оборкот после тренинг.Но бидете внимателни да не прејадете пред тренинг. После овој оброк почекајте 1 до 2 часа додека се свари храната па потоа поченете со вежбање. Доколку пропуштите некој оброк заменето го со протеинско чоколадо или протеински шејк заедно со некој вид на овојшје или зеленчук. Дневно со секој оброк внесувајте свежо овојшје и зеленчук, бидејќи нивното готвење ја намалува нутритивната вредност. Бидете внимателни со брзата храна, можеби ќе се чувствувате убаво додека ја јадете,но таа не е богата со нутритивни состојк.
Телото варењето на храната го смета како работа, па паралелно на тоа, што повеќе го терате вашето тело да работи, повеќе енергија ќе троши, забрзувајќи го метаболизмот додека се снабдува со потребните нутритивни вредност за да биде здраво и витко.
Деитите не се ефикасни, ова е промена во начинот на живот кон подобро. Доколку сакате да му дадете одмор на телото од постојано варење на храната,еден ден месечно или на два месеци пијте само течности (вода и сокови од овошје и зеленчук)
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1
Moderators: 1van, mafmaf

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда