Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: 10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана
#31615
10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана 5 Years, 4 Months ago Karma: 5
Набљудувач
Ги набљудува момците кои вежбаат со поголеми тежини во теретана, обично на 15 минути прави една серија, за да не му избега од око кој колку ставил на бенч или на преса, па да има што да зборува во мало.

Зборлест
Овој тип да вежба колку што зборува сигурно ќе излезеше на Мр. Олимпија до сега, обично ги замара сите во теретана и се уфрлува во секој муабет. Ги знае сите чаршииски муабети, а и ги следи турските и индиските серии за да има теми на разговор.

Експерт
Човекот кој знае буквално се. Ги советува сите што да зимаат и како се користи, обично е 60 килограми телесна тежина со се кревет или дебел со пивски стомак, но нема што не знае!

Мишка бој
Е он кога влегува во теретана се соблекува на стреч маичка, за стик или депелицаија не е слушнал, остава траги на секоја справа, обично после него никој не вежба на таа справа, или половина од теретана си одат, па скоро останува сам. Во најлош случчај не дај боже да се погодиш во ист момент да дојдеш со него. Презакажи го тренингот 1 саат покасно.

Легач
Поминува 1 саат во пресоблекување, 1 саат за вежбање и 1 саат за негово заминуванје од теретаната, колку да го утепа денот - да има што да се прави.

Женкар
Е овој мисли дека теретаната е за фаќање девојки па ги замара сите девојки кои во меѓувреме вежбаат на орбитрекот или било која друга справа цел тренинг му поминува во баранње на „сродната душа„.

Ветеран
Човек во години кој ги замара помладите како тој на времето имал мускули и како фасцинантно изгледал, класа над другите, не признава дека имал подобар од него во тоа време. Добро де, сме слушнале за него на телевизија.

Ајнштајн
Секогаш им се спротиставува на другите, и ги напаѓа зошто пиеле протеини, креатини и разни такви „глупости„. За него треба сите да вежбаат природно и да не пијат такви „хемии„. Тој вежба за себе, демек другите за комшиите, но добро.

Манекен
Не знаеш дали е дојден да гради мускули или е дојден на модна писта. Огледлото му е главна справа, но не за да го следи напредокот, туку да види дали фризурата му е растурена или не дај боже да му се згужвени тренерките.


Класичен тип
Е овој ти доаѓа директно од кафана или канцеларија во панталони и кошула, го остава сакото, повежбува 15-тина минути и оди на некој состанок со девојка или да го видат низ град „напумпан„.



© Трајче С.
TrajcheE
Gold Boarder
Posts: 263
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male trajchebodyfitness Location: Гевгелија Birthday: 02/07
The administrator has disabled public write access.
EAT TO WORKOUT, NOT WORKOUT TO EAT!

„Не значи ако си поголем на изглед од твоите во генерација си бодибилдер„ - mafmaf
 
#31616
Re:10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана 5 Years, 4 Months ago Karma: 24
Uste poloso e kombinacija na 3-4 profila vo eden covek, a gi ima mnogu takvi
mafmaf
Moderator
Posts: 583
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#31618
Re:10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана 5 Years, 4 Months ago Karma: 10
hahaha dodeka go citav tekstot avtomatski mi pagaa na um nekoj likovi od teretana
1van
Moderator
Posts: 298
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Birthday: 06/07
The administrator has disabled public write access.
 
#31619
Re:10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана 5 Years, 4 Months ago Karma: 4
hahahahahahahahaha CAR Bas taka
Igor
HARDCORE
ВИП
Posts: 133
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mali1705981 igor_bbk"hotmail.com ZVER Location: Skopje Birthday: 05/17
The administrator has disabled public write access.
Effort = Results
 
#31626
Re:10 типа на луѓе кои ќе ги сретнете во теретана 5 Years, 4 Months ago Karma: 5
И од типот што остава крпа,мајца на справата прави серија 10 мин чита весник :@
а за тоа време некој ќе помине 4 серии.
undertaker_vojce
Gold Boarder
Posts: 303
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male Location: Велес Birthday: 12/27
The administrator has disabled public write access.
vojce_kane@hotmail.com
vistinskata e-mail adresa
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда