Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

BB историја
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: BB историја
#19456
BB историја 7 Years, 3 Months ago Karma: 9
Толку многу има да се напиша...ова е кратка ретроспектива за почетоците на Бодибилдингот како спорт,модерниот ББ,за кој денес знаеме.

ББ е спорт преку која се врши модификација на телото,која вклучува мускулна хипертрофија.
Древните Грци и Египќани кревале тежини за да оформат убави тела што може да се види и од нивната уметност и историја.
Современиот ББ денес,е стар не повеќе од 200 год.Поточно првиот ББ натпревар наречен 'The Great Competition'одржан е во 1901.Организран е од Eugen Sandows,кој воедно бил и судија заедно со Arthur Conan Doyle and Sir Charles Lawes.Прв познат бодибилдер Eugene Sandow,роден како Friedrich Muller 1867,ја започнал својата кариера под патронат на Oscarda Attile роден како Louis Durlacher 1844.тогаш професионален стронгмен.Oscard Attila сакал да го претвори спортското тело на Sandow во атрактивно билдерско тело.Sandow подоцна е изумител на многу фитнес машини,на кои денес се вежба.Eugen Sandow е првиот Пруски стронг лифтер,кој имал симетрична,атрактивна форма.Тој го популаризирал бодибилдингот и денес е познат како татко на модерниот бодибилдинг.Натпреварувачите во тоа врме биле оценувани според симетријата,балансот на телото и здравјето.Наградите биле во форма на статуи...денес победникот на мистер Олимпија ја добива истата статуетка како и тогаш.


Почнува да издава и магазин Physical culture(покасно Sandow's Magazine of Physical Culture)
Бил атракција,се појавувал и на поштенски марки носејќи само лист од смоква.Отпрвин демонстрирал пред публиката сила дигајќи тежини,подоцна почнал да се појавува само да биде видено неговото тело.Издавачката дејност,справи,натпревари,диети направиле да тој изгради едно мало бизнис царство.До својата смрт 1925 Sandow бил пионир во многу работи кои денес ББ го прават профитабилен.

Две големи имиња во светот на ББ на почетокот на 20 век се Bernarrd Macfadden и Charles Atlas.Мекфаден,Американец кој се преселил во Англија да ја промовира својата справа за гради (chest expander)го основал магазинот Physical Development 1898,преку кој се обидел да ја објасни својата филозофија на вежбање.Негово најголемо остварување било појавувањето на "The Most Perfectly Developed Man in America"на кое го победил Angelo Siciliano,италијански емигрант,кој стекнал слава како "Charles Atlas."

Историјата на ББ може да биде поделена на три епохи.За бодибилдинг може да зборуваме уште во 11 век.како идеја,но различен во суштината што ја има,почнувајќи од Индија.Мажите тогаш кревале камења нречени Nals,пред публика.во тоа време отсуствува секаква информација за исхрана,тренинг програми,вежби...а за справи и да не мислиме.Некаде од 16 век,почнува ББ да се дефинира како тренинг,диета и одмор-таков каков што и денес го знаеме.Во периодот пред 1930,мажите билдале за да ја покажат својата издржливост и сила,пред публиката.Биле наречени стронгмен...

Периодот меѓу,1930-1970 е познат како златната ера во историјата на бодибилдингот.Втората светска војна била инспирација за многу млади мажи да бидат што посилни,поиздржливи и агресивни.Напредокот во технологијата,подобрените техники на тренинг,нутриционистика резултирале со зголемување на масата на телото.Представата за убава форма се менува...со подоцнежниот напредок во медицината и технологијата,големината и волуменот кај билдерското тело се зголемува...особено после 80“те.Употребата на хормони,инсулин и додатоци,станува незаменлив дел од совремниот билдингот.Употребата на други дроги,допинг средства се отфрла,поради влошеното здравје на постарите билдери кои ги користеле.Многу атлети како Арнолд,Карл Левис и Франк Зане дпоринеле за популарноста на ББ.
Бодибилдингот не е вклучен во олимписките игри,поради границата за употреба на строиди во споротот.
Во тоа време Muscle Beach во Santa Monici,California станува мека на бодибилдингот,место каде се собираат билдери преку лето и настапуваат со свои точки пред публика.Едни од водечките звезди во тоа време биле-Jack La Lanne; Joe Gold;Harold Zinkin i John Grime.
Кога Muscle Beach е затворена во 1950,Американската западна обала и понатаму останува дестинација на бодибилдери од цел свет...желни за слава и успех во светот на билдингот.

Самите почетоци на Бодибилдингот во Европа датираат од касниот 19 век.и се поврзани со изумувањето на фотографкиот апарат,кој на светот му ги пренел,тогаш шокантните слики на мускулести луѓе.

Mr. America,натпревар спонзориран од (American Athletic Union)постоел од 1939,но главната модерна бодибилдинг организација е IFBB (International Federation of Bodybuilders)основана од страна на Ben Weider.Неговиот брат Joe,кој исто бил билдер,управувал со царство магазини,списанија,кои промоворале филозофија на тренинг и фитнес.
1965,Joe Weider оди чекор понапред,ја основа Mr. Olimpija,која ги собира другите билдери од другите конкурентни оргазнизации како Mr.Universe...Еден од тие билдери бил Австрискиот емигрант Арнолд Шварценгер-Arnold Schwarzenegger-(роден 1947) Следните години Арнолд освојува седум Мр.Олимипии а IFBB продолжил со доминација во светот на наптреварувачкиот билдинг.
Откако Арнолд го напушта билдингот и се упатува кон Холивуд,ниту еден друг натпреварувач не го досегнал неговото влијание и харизма.Бодибилдингот денес доживува криза на идентитетот,иако славата му е голема.Додека професионалните билдери сметаат дека ББ е спорт,повеќето спортисти го негираат тоа...само специјалните магазини и интернет страници известуваат за натпревари и учесници,победи и титули.Надвор од субкултурата на ББ,натпреварувачкиот билдинг останува несватен од нормалниот смртник,исто каки и бодибилдерите.
Сепак генрации и генерации мчадичи и мажи се одлучиле да се знаимаваат со ББ од причини исти како Sandow,Atlas,Schwarzenegger...Бодибилдингот го променил животот на многу луѓе,со тоа што им дал луство на самодоверба,ги научил на дисциплина и самоконтрола.

Превод и обработка Херкулес team
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/26 01:57 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#19480
Re: BB историја 7 Years, 3 Months ago Karma: 150
Убав текст СееБО...некаде имав поставено слики од првиот ББ натвревар...само незнам дали овде кај нас или на некој друг форум...
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#19483
Re:BB историја 7 Years, 3 Months ago Karma: 9
Фала шефе,да знаеш и се потрудив...има уште ситници,но ова го сметав како најбитно.Некаде Weider го нагласуваат како татко на модерниот билдинг,но бидејќи википедија вика Sandow,така и го ставив.Би сакал во иднина да направиме една убава тема,како архива,да ја има,да се знае,со првите почетоци на бодибилдингот и кај нас...
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#19486
Re:BB историја 7 Years, 3 Months ago Karma: 150
За првите почетоци во МК пишував во Херкулес, но убаво е да го имаме и овде.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#25042
Re:BB историја 6 Years, 4 Months ago Karma: 150
'The Great Competition'
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#25044
Re:BB историја 6 Years, 4 Months ago Karma: 5
Gjoroski wrote:
За првите почетоци во МК пишував во Херкулес, но убаво е да го имаме и овде.

Тоа Мастапе може да го среди а?

Убаво е да го има овде.
TrajcheE
Gold Boarder
Posts: 263
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male trajchebodyfitness Location: Гевгелија Birthday: 02/07
The administrator has disabled public write access.
EAT TO WORKOUT, NOT WORKOUT TO EAT!

„Не значи ако си поголем на изглед од твоите во генерација си бодибилдер„ - mafmaf
 
#25045
Re:BB историја 6 Years, 4 Months ago Karma: 150
TrajcheE wrote:
Gjoroski wrote:
За првите почетоци во МК пишував во Херкулес, но убаво е да го имаме и овде.

Тоа Мастапе може да го среди а?

Убаво е да го има овде.


Ќе бара старото, надокнада
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11515
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда