Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Идеалот на машкиот физикус низ историјата
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Идеалот на машкиот физикус низ историјата
#19375
Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Херкулес
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#19376
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Во историјата на светот,поточно во историјата на уметноста,машкото тело било чест уметнички објект,како најсовешен физикус на природата.Од мажите во историјата назад,се барало да бидат атлетски.Во различните култури,мажите и жените биле цртани на различни начини,но има една општа карактеристика скоро во сите....жената е претстваувана како убава,со заоблени форми,пасивна,мирна...додека мажот е представен доминантно,мажествено,силно,во движење...

Главен сведок на идеалот за машкото тело во ова наше патување е немиот раскажувач-уметноста низ вековите.Во длабока древност уметноста небила толку развиена.
Неквалитетни бои и материјали,глина,примитвни инструменти,отсуство на секаков вид на модерни техники...што ја прави таа древна уметност груба,исполнета со гршки.

Естетиката практично тогаш била далеку од желбите на творците-уметниците.Со други зборови,уметникот тогаш,во отсуство на апарати,дигиталци и реална слика,создавал нешто убаво за окото,слично на тотем,но не и реален приказ.Не постоело нешто слично на идеал,како што денес во скоро сите свери може да се издвои.Малите заедници во тоа време,верувале во многу божества одеднаш,затоа и нема да бараме еден единствен елемент.
Врз основа на ископаните коски и остатоци изградена е представа дека мажот во тоа време бил со голем граден кош и силни нозе.Тоа се епохи на груба сила и примитивно оружје.Поточно тој требало да всејува сила и моќ.Тој бил ловец,воин,чувар на племето,извршител на тешки дејности...

За прв пат идејата за убавина се појавува во древна грција,кај филозофи како Сократ и Платон.Особено тука,е што според нив добриот надворешен изглед е дарба,кој е се друго,но не и вечен.А убавината е вечна,универзална.Убавината не е само во тоа да изгледаш добро.Таа е идеал.Вечен.Стројната и атлетска фигура била издигната во култ во Древна грција.Елините се кителе со средства,со кои природата богато ги обдарила.Според нив внатрешната и надворешната убавина треба да бидат во хармонија....лошите луѓе и престапници,задолжително биле грозни во нивните представи.Оваа теза нашла жив одраз во уметноста.Силни и слаби,сите херои имале приближен одраз во сликите или скулптурите,со јасно оцртани полови атрибути.Идејата е јасна,фигурите се вајале во фундаментална убавина и идеализам.Мажот во историската уметност има силни црти на лицето и издадена брада,не многу долга но остра коса.Рацете му се добро оформени,не премногу масивни.По масивни му се нозете-симбол на воинот,пешак со тешко оружје на себе.Градите секогаш му се добро оформени,без да се премногу напумпани...тие се просто совршени.Впечатлив акцент се фрла врз силната мускулатура на стомакот,добро оформени плочки.И овој идеал не бил само во уметноста...машкото тело било изложувано на разни олимпијади каде се судела неговата оформеност...и од тука се смета дека се родила идејата на денешниот бодибилдинг.Во Рим за разлика од Грција,мажот бил представан реалистично и природно,без стилизација на телото.Постои добро оформено машко тело,но различно е во форма меѓу ковачот,гладијаторот,императорот.Силен реализам – уметноста е толку поценета колку е поблиска да оригиналот.Идеалот за идеална физика отпаѓа.Хероите имаат реално нацртани мускули.Во епохата на средновековието,каде масовно навлегуваат струи од религии,представата за идеал повтроно се менува.Според Августин,човекот е определен како тело и душа и пред се е разумен,кој со своето тело располага како со инструмент.Отука и статусот на човек-посредник меѓу духот и царството на материјата.Телата се цртаат стилизирано,не личат на реалното човечко суштество.Диспропорција на база на влијанијата од религиите,неможност да се достигне вистината.Недостиг на перспектива.
Култот кон телото се губи,има интерес кон мртвата материја.Во епохата на ренесансата,интересот на уметниците кон машкото тело се враќа.Убавината се претставува со хармонија и пропорција,блиска до природата.Телото црпе сили од природата,машката фигура е мускулеста,правилно обликувана,пропорционална.Се поставува почеток за современиот идеал за машката физика.
Во епохата на индустрализација и подоцна,овој идеал се доразвива.Машката физика,станува поим на пропаганда меѓу работниците и војниците од различни слоеви,почнувајчи од фашизмот и комунизмот,па до капитализмот.Фигурата се стилизира,во зависност од целта.
Што иамме денес и што не очекува???
За жал идеалот денес уште е во криза и е искривен.Додека порано извор на идеалот бил спортот,натпреварите и знаењето,денес секоја свера на дејност е комерцијална.Стремежот на индустријата кон максимално производство и продажба,наоѓа одраз и во спортот,преку зголемување на постигнувањата.Иако денешниот мистер Олимпија е најмускулестиот маж кој некогаш живеел,неговата физика е се по гротескна и хиперазвиена,робустна и непривлечна.Спортската индустрија води до таму,што секој човек денес навикнал да не смета на своите физички способности,туку други да му ја вршат работат.Тоа води до отстапка од природните,вистински намери да се постигне саканиот резултат.Со помошта на индустријата е се полесно,без да се вложи труд.Тоа го убива идеалот,и ја прави машката физика можеби огромна,но нетрудоспособна и бескорисна,постигната без сила.Имено тоа,треба да се трудиме да го избегнеме.Зошто суштината на убавината,како што древните народи ја спознале,не е во формите.Вистинската убавина е внатре,таа е вечна,нема да исчезне,за разлика од телото.И вистинската убавина е всушност тоа кон кое треба да се стремиме.

Превод и обработка Херкулес team
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/24 15:06 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#19457
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Првата статуетка на темата е оригиналот на Херкул или Херкулес,римското име за грчкиот полубог Херакле,син на Зевс(римски: Јупитер) и на смртната Алкамена.Има интересна приказна околу него и неговиот “живот“.Бил навистина многу силен,се борел со најстрашни чудовшита...

Во Полска и ден денес постои клуб на љубители на спортови за сила со исто име...а нашиот Херкулес ќе го прашаме шефот од каде го добил името

Статутеките им се со огигиналната фрома на херкулес,таков каков што го има во многу галерии и музеи,првата слика на темата...

Направени се преку 30 филмови во Холивуд за овој јунак,во еден од кои глуми Арни...Херкулес во Њу Јорк..нормално,земено е само името,како поим за сила...приказната е сосем друга.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/26 02:21 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#19482
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 150
Името кое јас го користам се употребува на простор на последната Југославија од Декември 1972 година.
Баш убав текст за полскиот Херкулес, кој е првиот после нашиот кој е пишан со К.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11538
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#19484
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 150
Инаку ова е типот кој ги има сликано овие слики, а овде е со потпретседателот на Европската бодибилдинг и фитнес федерација, Павел Филеборн.
Ѓороски
Херкулес, едноставно најдобар.
ХЕРКУЛЕС
Posts: 11538
graph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male boban.gjoroski herkules Location: Skopje Birthday: 08/07
The administrator has disabled public write access.
 
#19485
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 7 Months ago Karma: 9
Незнам дали е заведен по ИфББ овој Полскиот,не ме држи за збор ептен случајно го најдов.Може е само локален клуб
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#21041
Re:Идеалот на машкиот физикус низ историјата 7 Years, 5 Months ago Karma: 9
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда