Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Стрии,колку само ги мразиме!!!
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 123
TOPIC: Стрии,колку само ги мразиме!!!
#6214
Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Сите ги имаме,кој помалку кој повеќе.Некои се џиновски,некои одвај видливи.Какви се вашите искуства,постои лек или не?
Лично забележувам две линии на внатрешната страна на нозете и сериозно ме нервираат.Ископав на нет информација од квалитетни извори и ќе ја сподела.Но не е тоа целата поента на темата.
Дополнувајте и споделете ваши искуства.


Стрии! Коj ли ги нема и каде се не по човечкото тело не се јавуваат овие досадни атрофични белези по кожата. Божем сте млад човек, вежбате редовно, а во задниот дел на рацете - под мишката, по бедрата, дури по градите се забележуваат вертикални, а понекогаш и хоризонтални линии. За спортистите тоа е кошмар,кој ги уништува резултатите од борбата за убаво и хармонично тело. За жените се ужасен козметички дефект,ги засегаат бедрата и стомакот, дефект, со кој не можат да се справат и најмоќните и модерни козметички средства. Но стрии имаат и девојки и момчиња кои не треба да се сфатат како млади аполоновци.

Стриите претставуваат видливи недостатоци на кожата,чие појавување е условено од две основни причини.Сепак да обратиме сосема накратко внимание на изградбата на кожата.
Кожата е повеќенаменски орган, кој има директно или индиректно однос кон сите функции на организмот.Како таква таа има релативно сложена градба. Нај-горниото слој на кожата се нарекува епидермис. Под него лежи дермисот, кој од своја страна ги покрива хиподермисот или т.н. подкожие. Овие три слоја на кожа, се состојат од ќелии со специфична функција и изградба, не се одделени еден од друг со силна граница. Помеѓу слоевите и клетките во нив има сврзно ткиво, крвни садови и нервни влакна. Особено е богат со сврзно ткиво,епидермисот.

Крвните садови и нервните влакна достигаат само до дермисот, а клетките на епидермисот добиваат хранливи материи и кислород преку дифузија (просмуквање) од дермисот и хиподермисот. Сврзното ткиво ги поврзува сите клетки во телото, вклучувајќи ги и оние на кожата,која е изградена главно од колаген и еластин. Колагенот и еластинот се образувани од хромозоми,кои и даваат на кожата цврстина и еластичност.Најчесто кожата не може да издржи комбинација од преголемо ниво на кортизол и драстично разтегнување, поради што станува тенка и доаѓа до пукање во најдлабоките слоеви на колаген и еластин изразено со грозни линии за кои зборуваме.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6215
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Кои се причините за појава на стрии?

Можат да бидат од различен карактер. Најчесто стрии се појавуваат при кинење на низата на сврзното ткиво. Човечката кожа е многу деликатно нешто што луѓето не се секогаш свесни. Таа премногу лесно атрофира, кога не се води грижа за правилното функционирање на организмот. Лошата циркулација на крвта и недоволната хидратација се штетни за кожата.
Една од најголемите - најчестите причини за појава на стрии е неконтролираните промените на тежина. Кога качувате маса брзо, кожата се растегнува. Дури и после да ја вратите во нормална тежина, стриите најчесто веќе се појавиле, освен ако не сте од ретките среќници со изклучителнo разтеглива кожа. Поретко стриите можат да бидат резултат на инфективни болести или повреди на функциите на хормоналните жлезди. Кај спортистите стрии можат да се добијат кога нагло ја зголемат мускулната маса.

Првата главна причина за создавањето на стрии е атрофија (недоволна исхрана) на епидермисот. Атрофија на епидермисот се добива при попречена циркулација на крвта во дермисот и хиподермисот. Недоволната циркулација на крвта во дерми. и хиподерм. е последица најчесто од притисок на крвните садови со натрупување во хиподермисот на непотребни (зголемени) маснотии. Сами ке се сетите дека при неадекватна циркулација на крвта ќе има и дисфункционалност на хранливи материи, потребни за изградба на колаген и еластин. Така еластичноста на епидермис. се крши, а влакната на колаген се разслојуваат, при што почнуваат да се прозираат крвните садови од дерми. и хиподерм.
Разслоената нееластична кожа со синкаво-црвенкаста боја претставува всушност стрии. Атрофија се добива и при брзо, форсирано слабеење, при што, исто така страдаат исхраната на епидермисот и адекватното создавање на колаген и еластин. Овој вид на стрии се нарекува атрофични стрии.


Втората основна причина за појава на стрии е прекумерното разтегање на кожата,особено на епидермисот. Така на пример,има билдери со многу слабо застапен % на маснотии, но со многу стрии. Во овие случаи прерастегнувањето на епидермисот од масивните и брзо нараснати мускули е одговорно за разслојувањето на колагените влакна и кинење на еластинот. Овој вид на стрии се нарекува тензични стрии (од тенсион - разтегање). Токму од овој тип се и стриите на стомакот на бремените жени,во крајните рокови на бременоста.
Стриите имаат различна локализација на телото. Атрофичните стрии се распоредени главно по стомакот, колковите и задникот. Тензичните стрии се јавуваат најчесто околу пределот на мишката,градни мускули, рацете и грбот. Понекогаш неколку соседни стрии можат да се соединат и да основаат поголем дефект.
Во обид да се спасат од стрии луѓето прибегнуваат кон козметичката индустрија: купуваат различни скапи намази, пијат билки и медикаменти.... и покрај тоа стриите остануваат без да го намалуваат бројот и формата. Само бојата со времето се менува и синкаво-црвенкаста станува кадифено-сивкаво-бела.
За жал не е познат метод или лек, способни да ги отстранат веќе стекнатите стрии. Единственото што можам да го препорачам на луѓето, кои немаат стрии и планираат да започнат активности во фитнессалите е да внимаваат со концентриранје на маснотии во период на качување на маса. Особено загрозени од добиванјето на стрии се оние кои употребуваат супстанции кои го стимулираат и форсираат мускулниот раст.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6216
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Колку се опасни?

За физичкото здравје-не се воопшто. Но, можат да влијаат на емоционалната состојба, ако многу се вгледувате во нив. Запомнете дека ако се појават еднаш, тие не можат да бидат целосно отстранети. Треба да се научите да ги прифатите ако веќе ги имате, и да се стремите да не дозволите да се појават нови, бидејќи тоа е можно.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6217
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Што може да се направи, доколку сеуште немате стрии?
Стриите се непријатен кожен феномен,од кој што е заплашен секој спортист, а исто така и секоја жена. Стриите се видливи атрофични белези на кожата. Најчесто тие се покажуваат како вертикални линии по должина на мускулот под нив. Овие неестетски белези, кои го водат до очај секој спортист не се должат само и единствено на брзи промени во тежината на телото.
Ризичните периоди за луѓето се три и се следниве. Во ПУБЕРТЕТ во телото настапуваат сериозни хорморални промени кои ЈА изложуваат кожата на МОЖНА појава на стрии. Од друга чудна страна токму тогаш луѓето качуваат килограми. Затоа е важно да се држиме под контрола. Нај-опасна фаза кај жените е бременоста.За време на бременост тежината се зголемува драстично,многу жени страдаат од стрии кои по бременоста не се бришаат. Веројатноста да добиете ваков дефект е најголема меѓу четвртиот и шестиот месец.По бременоста стриите малку избледнуваат,но остануваат како белези. Во втора бременост тие се уште посериозен проблем, што значи дека несомнено има потреба од грижа за кожата.

Прво грижете се за контрола на тежината. Не дозволувајте нагло да се здебелите. Ако посетувате фитнес и сакате да ја покачите својата мускулна маса, запомнете ја максимата "качете бавно".
Нека резултатите од физичките напори се придружени со убава кожа без стрии. Препарати за забрзување на мускулната хипертрофија можат да ви предизвикаат и стрии. Имајте предвид дека кожата треба да е добро хидратирана - обидувајте се да внесувате доволно количество вода - 3 литри, кога не сте окупирани физички, и 4 литри - под активни вежби(кај профи спортисти и повеќе).
За да се задржи квалитетот на колаген во кожата потребно е:
да примаме храна богата со витамин B, како: пивски квасец,телешко, бубрези, црн дроб, соја, житни 'ркулци, жолчка, овошје и влакна, спанаќ, млеко, праз, лук, риба, грозје....
Особено погодни се снегулките,оние житните.
Сојата е достапна во различни форми - каша, зрна, трици.
Не носете премногу тесни алишта - Веќе знаеме дека една од причините за појава на стрии е лошата циркулација на крвта.
Добри за кожата се кремови кои содржат витамин Е. Сега во аптеките се продаваат квалитетни козметички производи против стрии, но најпрво направете консултации со дерматолг или фитнес инструктор, ако имате кожни алергии или егзема.
Запомнете дека најголем ризик за стрии е периодот на МАЛДИ години поради брзиот развој и раст на човекот; бременоста кај жените - јасно е зошто и т.н. критична возраст, поради промени во хормоналниот баланс поврзани најчесто со додавање на килограми. Ова се моменти од човечкиот живот, во кои секој треба да е особено внимателен кон појавата на стрии.

Овие белези се најсилно изразени во пределот на колковите,задникот,стомакот и градите што не значи дека појавата на истите на различни места е невозможна. Причините за формирање на овие “кожни белези“ се главно две. Првата е атрофија на кожата, односно недоволна циркулација на крвта како резултат на што се ‘притискаат‘ крвните садови. Така кожата не се снабдува доволно со потребните протеини и е подложна на растегнување. Атрофија се добива при брзо симнување или качување на килограми. Втората причина за појавување на стрии е прекомерното “растегнување“ на кожата. Сепак, таа не може да се растегне неограничено.

Можно е да сте билдер со многу низок процент на масти и пак да имате стрии. Масивните и брзо направени мускули ја растегнуваат кожата, додека таа не издржи и се “нацепи“ образувајќи безбедни ама сепак непријатни за психо-здравјето стрии.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6218
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Ако веќе имате стрии?

Може да се обидеме да изгледаат по незабележителни,на начин што ќе ги третираме со соодветна козметика,ќе правиме редовно процедури со груба ракавица за отстранување на мртвите клетки и подобрување на циркулацијата.
Обидете се да ја контролирате тежината, бидејќи при наполнување тие ќе станат уште поголеми и забележителни. Не се излагајте премногу на сонце,исушената кожа е предуслов за разранување и чешање. Можете да пробате и пластична хирургија, но досега не е докажано дека стрите можат да се отстранат 100%.
Качување на маса како фактор за појава на стрии

Друг ризик-момент,како што спомнавме е качувањето на маса.Треба да знаеме, дека колку побрзо се случи тоа, толку полесно колагенните и еластични влакна се подлележни да пукнат. Сигурно многумина од вас веќе мислат како да се заштитат од ваквите феномени на кожата. За жал еднаш образувани стрии нема да бидат отстранети сосема, освен со современи ласерски процедури, чија ефикасност е се уште сомнителна.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6219
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
И за крај неколку корисни страни со информација за стрии.Текстовите се превод,досега освен обично млеко за тело немам користено некој специјализиран продукт за лечење на стрии.Ова се неколку корисни страни,кај нас е тешко да се најде информација за било што,освен ако не е некоја реклама за студио.
Листа на продукти за лечење на стрии
euro-woman.net/stretch_marks.html
Според моето истражување ова е најкористен гел меѓу билдерите
www.napsgear.net/contractubex-gel-p253?drgn=2
Марка што ја препорачуваат славните звезди во борба со стрии,незнам дали постои на нашиот пазар
www.gernetic.com/uk/index.php
Форум кој може да помогне
www.skincaretalk.com/anti-aging/?gclid=CNj1pfnM6Z0CFc8UzAodmiuQMw
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6267
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 4
mene edno vreme mi se pojavuva kaj doticniot del, kaj nozete vo blizina na madinjata, neznam oti, vezbav noze so golemi tezini i mi raspukaa strii pa morav da gi mackam so krema sekoj den..
DoN`GjOrGi
ONA STO NE TE UBIVA TE PRAVI POSILEN
Moderator
Posts: 608
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male don_gjorgi don_gjorgi@hotmail.com dongjorgi Location: Struga Birthday: 06/05
The administrator has disabled public write access.
MOST BANNED MAN
 
#6270
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Оффф,милиот он,
ќе си најдеш некоја ДАДИЧКА масазичка да ти прави на таа зона,
еднаш дневно ти е доста на тебе.
Еднаш месечно ти е доста уствари:kiss:
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2009/11/01 23:50 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#6272
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Не се лути,ова е добронамерно и свати го како совет:kiss: .
Па,ок колку време ти требаше да се “ослободиш“ од стриите.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#6286
Re:Стрии,колку само ги мразиме!!! 8 Years, 2 Months ago Karma: 9
Еве еден пример за масажа на стрии со ракавица-масажер.
И да го прашам Гјоровски што мисли за употреба на контратубехот,
од тоа што пребарав на нет ми дава информација дека се води како гел против белези и лузни.Ме интересира зошто наскоро изгледа ќе ми притреба:cheer:

www.medbc.com/annals/review/vol_15/num_2/text/vol15n2p70.asp
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2009/11/02 13:15 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 123

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда