Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Промени во крвната слика при тежински тренинг
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Промени во крвната слика при тежински тренинг
#36508
Промени во крвната слика при тежински тренинг 2 Years ago  
Се надевам дека текстов ќе им помогне на сите вежбачи(рекреативци,натпреварувачи),кои редовно прават крвни испитувања,на сите помлади ентузијасти кои ги прават првите чекори во теретана,па најчесто нивните родители инсистираат на проверка на крва слика и најпосле,се надевам дека ќе му помогне на секој кој е збунет поради промените во крвната слика,причинети од напорен тренинг.
Пред се,треба да имаме на ум дека крвната слика која најчесто се прави е индиректен показател на она што се случува во нашиот организам.Овде ке направиме осврт на параметрите кои можат да бидат покачени во зависност од физички напор.
Креатинин-Ќе започнеме со она кое најчесто ги збунува сите и она кое е најмногу озборувано.Креатининот е всушност,краен продукт на метаболизмот на креатинот,кој пак,претставува непротеинско азотно соединение,кое е дел од енергетскиот метаболизам на мозокот и мускулатурата.Во медицината се користи за проценка на бубрежната функција,па кога е покачен,знае да предизвика недоумици.Она кое научно е докажано,е дека креатининот може да биде покачен кај здрави индивидуи,пред се кај оние кои имаат тешки физички тренинзи,како резултат на стресот и разградувањето на мускулатурата.Во одредени случаи и суплементацијата може да биде причина за покачување на нивото на креатинин,но тоа најчесто се случува при внес на повеке од 30 грама креатин дневно.
Уреа-Слично на креатининот,се користи за проценка на бубрежната фукција,а претставува краен продукт на протеинскиот метаболизам.Покачувањето во крвта може да се случи кај здрави индивидуи после тежок физички напор и висок внес на протеини преку исхраната.
Креатин киназа(CPK,Ck)-Можеби најкомплицираниот и најзбунувачкиот параметар.Претставува ензим кој во медицината се користи за дијагностика на срцев удар,рабдомиолиза(разградување на скелетна мускулатура),мозочно оштетување и друго.Пред да почнете да барате на интернет за вашите резултати,треба да знаете дека постојат три форми(изоензими) на овој ензим и сите се специфични за различни ткива.CK-mm,кој е специфичен за скелетната мускулатура,CK-bb,кој е специфичен за мозочното ткиво и на крај CK-mb,кој е поспецифичен за срцевиот мускул.Она кое најчесто се испитува,е вкупниот CK,односно,збирот од сите три форми во крвта.Дефинитивно е многу често покачен и кај здрави индивидуи после тежок физички напор,а извор на ензимот е скелетната мускулатура(CPK-mm).Испитувањата покажаа дека почесто е покачен при трчање,но може да биде покачен и при било каква друга физичка активност.
AST и ALT(аспартат трансаминаза,аланин трансаминза)-Во медицината користени како показател на црнодробно оштетување,ензими кои нормално се наоѓаат во црнодробните клетки.Повеќе студии покажаа дека кај здрави спортисти е можно покачување на овие ензими.Механизмот на ова “лажно патолошко” покачување сеуште е енигма,но она што знаеме сигурно,е дека нема потреба од паника,бидејќи физичкиот стрес е причината.
Myoglobin,LDH,-можно е покачување и на овие ензими,но и за нив важи истото-причината е физичкиот стрес.
ЗАКЛУЧОК-Повеќе параметри на крвните испитувања може да покажуваат отстапување од референтните вредности кај здрави лица,кои се под зголемен физички напор.Битно е да се напомене дека овие покачувања се јавуваат првенствено кај оние кои се почетници во било кој спорт,а не толку вообичаено кај оние кои рутински тренираат.Треба да се знае и дека повеќе од овие ензими/продукти имаат полуживот до 7 дена,па доколку сакате да бидете сигурни,можете да ја повторите анализата откако ќе одморите една седмица.Причина за загриженост би била нивна елевација во повеќе наврати,по поголема пауза од физички стрес и тогаш треба да се направат дополнителни испитувања во зависност од покачениот параметар,за да се исклучи нешто сериозно.
100jmenov

The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда