Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Кифоза,сколиоза
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Кифоза,сколиоза
#18972
Кифоза,сколиоза 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Сколиозата е деформитет на локомоторниот систем кој се јавува во текот на растот, а после завршениот раст се стабилизира. ’Рбетот на човекот гледан од напред или назад (фронтална рамнина) е рамен, без никакви кривини на страна. Ако таквата кривина сепак постои, зборуваме за сколиоза. Сколиозата е секогаш патолошка. Ако покрај сколиозата наидуваме и на зголемување на физиолошката закривеност на градниот дел на ’рбетниот столб (кичмата) во сагитална рамнина (гледајќи го човекот од бочно) тогаш зборуваме за кифосколиоза.
ЛИНК

Патолошката кифоза (грбка) претставува сагитално искривување на ’рбетниот столб кон назад. Најчесто се создава во градниот дел од ’рбетниот столб. Причината за појава на кифозите можат да бидат: вродени и стекнати.Вродените кифози се резултат на вродени аномалии на пршлените. Терапијата кај нив е проблематична - единствена помош е правење на ортопедски апарат кој спречува да се зголеми кифозата.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/13 02:12 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#18994
Re:Кифоза,сколиоза 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Лордоза

Тоа е искривување на ’рбетниот столб во сагитална рамнина и се манифестира со испакнување напред и создавање на длабочина кон назад. Најчесто се појавува како компензација на појавената кифоза во торакалниот дел или пак при вродената луксација на колкот. Терапијата е во зависност од нејзината јачина и од употребата на корективна гимнастика. Доколку се подобри тонусот на мускулите, процентот на лордотичното држење се смалува со текот на годините.
ЛИНК

Остеопороза

Од триесетатта година на животот па натаму кај луѓето почнува да се намалува постепено количината на коскеното ткиво во коските. Кај жените губитокот е присутен особено неколку години после менопаузата, додека кај мажите во принцип е константен. Фактори на ризик кој влијаат за настанување на остеопорозата се, освен годините и полот, и позитивна фамилијарна анамнеза, долготрајна имобилизација, недоволен внес на калциум со храната, пушење и алкохол, користење на кортикостероиди и болести на тироидеата.
ЛИНК
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/11 14:38 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#18995
Re:Кифоза,сколиоза 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#19052
Re:Кифоза,сколиоза 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Овде има убаво објаснување за лордоза и вежби за нејзино ублажување...
ЛИНК
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда