Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?

Стречинг
(1 viewing) (1) Guest
Go to bottomPage: 1
TOPIC: Стречинг
#18958
Стречинг 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Стречингот колку што разбирам јас а тоа поискусните со долг стаж во теретана ќе го потврдат е многу важен дел од секој тренинг.
Служи како превентива од повреди.Со истегање се врши доток на крв во мускулатурата.

Како и дали воопшто правите истегнувања пред или после тренинг???
Колку време ви е потребно 5,10,15 мин???Дали се прави стрчинг при кардио вежби???
Некои спортисти не ги практикуваат вежбите за загревање пред тренинг.Вие???
Кои ви се омилени “пози“ на истегнување???
Исклучително важно да се разбере значењето на затоплување и ладење(релаксација)за севкупниот успех при тренинг.
Па чекаме искуства

Најважно е добро да се загрееете. Загревањето не е само задолжително за спречување спортски повреди,туку едноставно и за одржување оптимален и задоволителен тренинг.Загреаните мускули развиваат поголема силова издржливост,тие се по еластични и така се поотпорни на стресни состојби.Треба да се започне со просто загревање на целото тело,почнувајќи од главата па се до стопалата,за да функционалниот систем почнува да делува на повисоко ниво(школско загревање, скокање јаже, лесно трчање, лесен аеробик итн).Едноставно телото го подготвуваме за напор,мускулите се активираат и се полнат со поголема доза кислород и други супстанци, кои се пак потребни за оптимална работа.За спречување повреда на зглобовите,можеме да ги загрееме со топли облоги.За загревање користиме различни вежби,како статички така динамички.Најпрво мораме да ги загрееме поголемите мускулни групи,раце и нозе,а на крајот следи загревање подлактици и прсти,со влечење шаката на надвор и на внатре.За загревање на прстите се користат и разни видови спортски масти, исто така кинезо масажи на зглобовите,сето тоа по 30 секунди на секој зглоб.
Истегнувањето не се препорачува само пред и по завршивањето на физичката активност. Да се истегнуваме можеме во секое време. Наутро после спиење, на работа за да ја намалиме напнатоста после подолг период на седење или стоење,додека патуваме со автобус или автомобил, во слободно време додека гледаме телевизија, читаме книга,слушаме музика,пешачиме итн.,значи буквално во било кое време.

Зошто да се истегнуваме?

Со примена на истегнувањето можете да ги забележите следните позитивни ефекти:
- Намалување на физичката напнатост,
- Зголемување на амплитудата на движење
- подобрување на циркулацијата
- намалување на можноста од настанување на повреди итн.


НАПОМЕНА: Истегнувањето не се препорачува да се применува ако неодамна сте имале некоја повреда на мускулниот или коскено-зглобниот систем. Затоа најдобро е да се консултурате со доктор за Вашата здравстена состоба.
Многу важен сегмент на истегнувањето, секако, е дишењето. Тоа треба да биде бавно, ритмичко, лесно и природно. Не задржувајте го дишењето додека се истегнувате. Тоа треба да биде опуштено, а не напорно. Додека се истегнувате треба да чувствувате дека во таква положба би можеле да останете бесконечно.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/10 14:39 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
#18959
Re: Стречинг 7 Years, 4 Months ago Karma: 13
Mnogu znacaen del od site sportovi e zagrevanjeto. Sekoj profesionalec i amater ima problemi so povredite,koj na ramo koj kolenici,lakti,triceps,a najcesto kicma!
70% od povredite nastanuvaat od nezagrevanje ili od nesovesno vezbanje,nedovolno znaenje ,po sekoja cena krevanje golemi kilazi i slicno...
Jas licno pred sekoj trening se zagrevam skoro 10 min,na nekoj toa mi izgleda smesno i nepotrebno,no samiot sum se naucil taka otkoga sum se povredil(ramo,kicma,lakt)
podobro e da znaes i da ucis od tugite greski odkolku od svoite.
Pred sekoj trening pocnuivam so 10minutno zagrevanje pocnuvajki od gore nadolu,vratot,trapezite,ramenici,lakti,zglobovi na racete,prsti,vrtenje stranico zagrevanje na strukot i kicmata,kolenicite,rotiranje na zglobovite na noze ,istegnuvanje na zadna loza i slicno...
A toa sto treba da treniram go zagrevam podetalno... primer : noze
osven zagrevanjeto so maftanje i rotiranje na nozete i istegnuvanje,pocnuvam i so najmalata kilaza t.e samo so sipkata za cucanj pravam 2 serii po 30 povtoruvanja.
Paki
Animal
ВИП
Posts: 331
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male mr.o4cs@hotmail.com Location: Skopje
The administrator has disabled public write access.
Hardcore
 
#18960
Re:Стречинг 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Паки цар си...и ќе останеш.Се гледа дека уживаш во секој тренинг,искуството си го прави своето.
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
The administrator has disabled public write access.
 
#19035
Re:Стречинг 7 Years, 4 Months ago Karma: 9
Да уточниме нешто.Ме интересира колку е точно и што е правилно,загревање пред тренинг со лесни аеробни вежби...ладење или растегање после...???

Ок,дознав...по чиста логика тоа и применувам,особено во последно време.Загревање во смисла на аербона вежба пред,ладење-рестегање после тренинг...фала
ЛИНК
Sebastijan
Administrator
Posts: 2014
graphgraph
User Offline Click here to see the profile of this user
Gender: Male
Last Edit: 2010/09/14 14:17 By Sebastijan.
The administrator has disabled public write access.
 
Go to topPage: 1

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда