Добродојде, Гостин
Ве молиме Најавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте лозинката?
herkules.com.mk Announcements

Европско првенство 2011

24/05/2011 15:44
Од 20-23 Мај 2011, во Софија-Република Бугарија, се одржа традиционалното Европско првенство во бодибилдинг и класичен бодибилдинг за мажи за 2011 година на IFBB.
На овој натпревар учество земаа 29 држави на Европа со преку 200 натпреварувачи, поделени во 14 категории.
За нас, најинтересна беше категоријата каде имавме свој престваник. До и вклучувајки 85 кг. Категорија која минатата година (2010) ни нанесе голема тешкотија, каде сите се посомневаа во квалитетот на нашиот најдобар билдер во државата, Зоран Колевски, освојувајки го 9-тото место.

Но, на 23, во неделата, беше гордост да се биде македонец присутен на лице место, кога официјалниот водител на првенството ги прогласуваше финалистите за 2011.
Шампион за 2011 во категорија до 85 кг. Зоран Колевски од Македонија!!! Целата сала стоеше нанозе за време на интонирањето на националната химна на Македонија, додека Зоран гордо стоеше на сцена покриен со државното знаме, кое неколку минути предходно го донесе на сцена неговиот тренер и Претседател на Бодибилдинг и Фитнес Федераријата на Македонија, Бобан Ѓороски.

Зоки, од срце ти ја честитаме победата и се надеваме дека ова е само почеток и навестување на македонското влијание во Европскиот и Светскиот Бодибилдинг.

SPORTIX ПОНУДА                                                                                                                                                             


   

     


  


 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда