News
ББФФМ PDF Печати Е-пошта

Атлета на Македонија 1980 1981 2000 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012

Гранд При Мистер на Македонија 2002-3                                                                                                                            

  Бодибилдингот и фитнесот, организациски во Македонија функционираат од 1987 година, кога група на љубители на овие прекрасни спортови се здружија и го формираа сојузот за атлетска гимнастика (бодибилдинг) на Македонија. Во рамките на сојузот, кој во тоа време ги живееше своите најдобри времиња и години, членуваа сите тогаш постоечки бодибилдинг клубови од Македонија. Клубовите, членови на сојузот, беа со голема активност, па и првенствата кои се одржуваа во тој период на ниво на републиката, но и локалните, без со учество на голем број на натпреварувачи. Првото официјално првенство, организирано од страна на Сојузот за атлетска гимнастика на Македонија, е Куп-от на Македонија 1986 година одржан во спортската сала Расадник во Скопје. Првото државно првенство се одржа есента истата година, каде само во јуниорска категорија се пријавија и учествуваа повеќе од 40 натпреварувачи, а се одржа во спортската сала Јане Сандански во   Скопје.По   распаѓањето на бившата ЈУ држава, дојде и до намалување на интензитетот на работењето на Сојузот, кој до тогаш ги обединуваше сите постоечки клубови во Македонија. На почетокот, поради немање соодветна законска регулатива, клубовите започнаа полека да се одалечуваат од својатаматица, Сојузот. Интересно е да се напомене дека, во тој период дојде и до експанзија на отварање на се поголем број на фитнес центри, но наместо да дојде до зајакнување на постоечкиот сојуз, се дојде до намалување на неговата работа и    негово функционирање. Од таа причина, сведоци бевме и на подолг период апстиненција на неодржување на било каков натпревар во Македонија во овие спортови (2000-2002). Но, вљубеници во овие спортови одсекогаш постоеле, па така и во тој период на сцена повторно се појавија оние кои на самиот почеток, не така далечната 1986 година беа активни (некои како натпреварувачи, некои како официјални лица). По не наоѓање на заеднички јазик со до тогаш постоечкото претседателство на чело со претседателот на САГМ за реорганизирање на постоечката организација, се покрена иницијатива на чело со Бобан Ѓороски за формирање на нова организација која ќе води грижа и ќе ги здружи овие два прекрасни спорта во Македонија. Како резултат на оваа иницијатива, во 2007 година во Македонија е формира Бодибилдинг и Фитнес Федерација на Македонија, која за само две години од своето постоење успеа да организира и две меѓународни првенства ( Балканско 2007 и Европско за жени 2008).

 


Статут на ББФФМ

Пристапница

Лиценцирани тренери

Лиценцирани теретани


alt Атлета на Македонија 2012


Управниот одбор кој ќе раководи со ББФФМ во мандатот од 2012-2016 е во следниот состав:
 

- Бобан Ѓороски
- Милан Глигороски
- Тоше Зафиров
- Јовче Василевски
- Роберт Димишковски
- Славе Јаневски
- Маријан Кокалов

За Претседател на Управниот Одбор на ББФФМ, воедно и Претседател на ББФФМ, со едногласна одлука избран е Бобан Ѓороски.

Избран на седница на Собранието на ББФФМ на 15 Септември 2012 година.


alt    


Најдобрите во 2010

    - Најдобрите натпреварувачи во бодибилдинг и фитнес во Македонија за 2010 година според ББФФМ и спиаснието Херкулес.
    - Најпопуларен билдер за 2010, според гласањето на членовите и фановите на ХЕРКУЛЕС, е Бобан Наумовски од Охрид.
    - Најуспешен билдер за 2010, спореед ББФФМ е Јовче Василевски до Скопје.
    - Најпопуларна женска натпреварувачка во Македонија за 2010 е Александра Маџаровска од Скопје.
    - Според постигнатите резултати за најуспешен клуб во 2010 е бодибилдинг и фитнес клубот БИЛДЕР од Скопје.
 


 

  

Атлета на Македонија 2010 Резултати

Јуниори
      1. Бобан Наумовски
      Лесна
      1. Сергеј Цветковски
      . Игор Начевски
      Средна
      1. Гоце Мојсовски
      Тешка
      1. Зоран Лазаревски
     Ветерани
     1. Пеце Котевски
     Жени-боди-фитнес ОПЕН
     1. Бојана Васиљевиќ - Србија
     Бенч прес - максимум со 100 кг.
    1. Ѓорѓи Ангеловски- 24
    
     Апсолутна категорија
     1. Зоран Лазаревски
     2. Гоце Мојсовски
     3. Бобан Наумовски
     4. Сергеј Цветковски

      5. Пеце Котевски  

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Понуда