Претренираност PDF Печати Е-пошта

Дали таа постои и колку навистина е голем фактор за интензивен тренинг?
Според Мајк Матарацо, тоа преставува состојба на умот.
Можеме слободно да најдеме некоја добра логика во одговорот на ова прашање и поставената дефиниција, доколку направиме споредба на начинот на вежбање пред многу години. Во голема мерка начинот на вежбање, или поточно неговиот интензитет, воопшто не е променет. Меѓутоа, изменет е начинот на искрено одговарање и содавање заблуда помеѓу самите почетници и средно искусни вежбачи.
Благодаренине на новите професионални шампиони.

Интеннзивен тренинг
На асмиот почеток на кариерите на првите професионални шампиони во бодибилдингот, најголема тајна преставувале додатоците и лековите, популарно наречени во денешно време, ХЕМИЈА. А, најискрените одговори се добивале за начинот на вежбањето. Како што минувало времето, така некому му текнало дека е тешко да се прават пари, терајки ги луѓето да си ја остават душата во теретаните, креавјќи тони железо, па дошол на идеа да ја понуди на продажба вистинската тајна на шампионите, со чијашто помош, вежбањето и не е така битен фактор. Демек, еве и јас, како нов шампион, така по малку подвежбувам, ама со хемијава не мораш ни да вежбаш, мускули колку сакаш. А, и не чини многу да вежбаш. Ќе претренираш !
На овој начин голем број на луѓе, мислејки дека за кратко време ќе ги достигнат големините на еден Арнолд Шварценегер, побрзаа во теретаните да повежбаат, а притоа трошејки големи пари на лекови.
Постојат неколку основни принципи на вежбање. Сите тие се во самата основа слични или исти.
Систем за почетници, каде доколку се спореди со начинот на вежбање на големите професионалци, кој тие го објавуваат по списанијата (додека нудат почетнички систем ист како овој овде) ќе видиме дека е по обемен. Обично тој се состои од три тренига во неделата каде целото тело се поминува на еден тренинг, а се изведуваат по тренинг, за мускулна партија од 2-3 вежби по 3 серии. Вкупно, по мускулна партија му доаѓа околу 18-27 серии неделно. И тоа трае еден до три месеци.
Средно искусните вежбачи го поделуваат тренингот на систем каде една мускулна партија ја вежбаат двапати во неделата. Не се работи цело тело на еден тренинг, но во два дена се поминува целото тело.
Да напоменам, говориме за класичен пример на вежбач, билдер, потенцијален натпреварувач. Не станува збор за рекреативец.
Оние кои се на чекор до своето прво појавување на некој натпревар, ги советуваме да оние мускулни партии кои им се послаби и заостануваат во развојот, ги вежбаат по двапати во неделата, но притоа да не изведуваат повеќе од 12-15 серии за мускулна партија на еден тренинг. Што автоматски вкупно изнесува 24-30 серии неделно. Многу повеќе од самито Доријан Јеитс, но и него да го прашате за совет, истото ќе ви го одговори.
Оние кои се веќе со некаков вежбачки стаж, пред самиот натпревар во периодот на подготовките, целото тело 3-4 месеци го вежбаат двапати неделно, применувајки кардио тренинг и строги правила на исхрана, како би успеале да ја постигнат својата најдобра форма.
Навистина, сето ова е далкеу помалку од она кое го практикувал самиот Арнолд и неговите пријатели, но многу повеќе од системите на новите Шампиони кои се о бјавуваат во јавност, а кои се разликуваат од системите за почетници кои самите ги препорачуваат (а се по обемни).

 



Науката и вежбањето
Кога сме кај вежбањето и неговиот интензитет, а со тоа и состојбата на претренираност, постои само една теорија. За непрекинат мускулен раст и развој, покрај застапеноста на машкиот полов хормон (ова научно сеуште се прикрива), потребна е адекватна исхрана, одмор и тренинг. Секој мускул е максимално оптеретен на правилен начин, значи без (зло)употреба на ненормални тежини кои реално неможат да се подигнат, со правилна исхрана и адекватен одмор, потребно му е 48 часа одмор за целосно опоравување.
Просто и едноставно, нели. Значи, доколку не ја прилагодиме исхраната заедно со одморот во комбинација со интензитетот на вежбањето, ние како алиби и подпаднати под својата психичка состојба, можеме постојано да се доведуваме во ситуација на , претренираност.

Заклучок
Единствениот начин да се напредува е да не се одалечуваме од основата на вистинското вежбање, хранење и одмор. Сето друго е само импровизација која нема да не доведе многу далеку. Без разлика на тоа што имаме дома во колекција на домашна а потека, нема да ги имаме посакуваните резултати.

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player