Млечна киселина и воспаление на мускулите. PDF Печати Е-пошта

Дали млечната киселина е причинителот на воспалението на мускулите кое се јавува по тренинг???

 

Накратко, НЕ. Воспалението кое ни пречи, а најчесто се појавува кога драстично менуваме начин на живеење, се појавува околу 8 часа после вежбањето. Некогаш се мислеше дека е тоа резултат на собирањето на мускулната киселина во мускулите, но не е.
 

Веднаш по вежбање се чувствуваме опуштено, одлично, напумпано, и можеби делимично исцрпени и изморено, но не чувствуваме воспалителен процес баш во период кога таа млечна киселина е најприсутна во вежбаниот мускул.
Воспалението се јавува како причина на микронските оштетвања предизвикани на мускулните влакна како резултат на физичкото оптеретување за време на вежбањето.

 

Научниците можат со точност да ви кажат до кој степен е дојдено до оштетување на мускулните влакна, преку мерење на концентрацијата на мускулниот ензим во крвта, наречен CPK. Во зависност од степенот на оштетувањето зависи и неговата концентрација во крвта.
Многумина мислат дека опуштањето, истегнувањето после тренинг помага до намалување на воспалението, што е погрешно. Масаша, истегнување и "ладење", (што на наглиски би било cooling down) помага да се забрза процесот на отстранување на млечната киселина од мускулите, но не и од воспаление од причина што таа тоа и не го причинува.

 

Самото мускулно воспаление можеме да го користиме како водич во нашиот систем на вежбање. Нешто што сите професионални спортисти го прават и применуваат. Никогаш не вежбајте иста мускулна партија, доколку таа се наоѓа во воспалителен процес. Одморете или намалете го интензитетот на вежбањето. Оние кои знаат да го применуваат и користат овој сигнал за своја цел, работат интезивни тренизни доведувајки се до степен на мускулно воспаление, па потоа неколку тренинзи интензитетот е намален со цел да се дозволи таа мускулна партија да се ревитализира и подготви за следниот тренинг со висок интензитет. Тоа, со правилна исхрана и одмор, доведува до зајакнување на мускулните влакна и хипертрофија.

 

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player