Дали секој може да биде Шампион?! PDF Печати Е-пошта

Дали секој може да биде Шампион?! 

Сите ме прашуваат нешто слично на ова и секогаш се концентрираат на употреба на лекови, со цел да бидат најдобри. ОК, виситна е дека хормоналната терапија ќе ви помогне многу да го измените вашиот изглед, однадвор и од внатре (нешто шето никој не го гледа и никој не го коментира), но дали само тоа е потребното да се биде најдобар. Дефинитивно, НЕ.
 

Секој има своја природна рамка, рамка во која тој може да се формира и развива. Тешко некој може да ја промени до таа мера, да се направат драстични промени.

Уште при самото раѓање, постојат генетски разлики и предиспозиции кај луѓето. Е тие разлики, генетски предиспозиции, некои ќе успеат да ги искористат во животот, усмерувајки ги во постигнување на повисоки резултати во различни области. Некој, за жал нема да ги искористи, што од не приметување на време, што од небрижност.
Голем број ќе вложат 200% да постигнат врвни резултати, но мал број ќе испеат да ги надминат тие резултати, со многу малу напори и вложувања.

Дефинитивно, лековите, и хормоналните терапии ќе ви помогнат да ги надминете прородните бариери, но се зависи од тоа колку сте спремни да инвестирате во себе, вложите и жрвтувате. Затоа што сепак ова е начин на живеење
 

Дефинитивно е и тоа дека во теретаните, на плажа, на сцена ќе сретнете и ќе запознаете луѓе кои вложуваат помалку од вас, а сепка се недостижни. Не заборавајте на генетскиот потенцијал и не посегнувајте веднаш по повисоки дози и подолги циклуси
 

Рим не е изграден за еден ден, нема ни вие така лесно да го изградите вашето посакувано тело. Тело на Шампион.

Да не бидам погрешно разбран, секој може да го обликува своето тело до завидни граници. Секој може да победи на бодибилдинг натпревар ( и покрај тоа што на тој натпревар учествуваат атлети кои имаат одлични генетски предиспозиции) ако е најспремен.

 

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player