Тренинг за нозе PDF Печати Е-пошта

Тренинг за нозе од Антонио Андоновски

 

После десет минутно загревање и истегнување, тренингот го започнувам со потисок на преса.

Оваа вежба ја работам во 6 серии од кои две се за загревање каде изведувам 15 повторувања и 4 се работни каде тежините ми дозволуваат 8-10 тешки повторувања.

Како втора вежба во мојот програм е клекнување на Хакен Шмит машина. Бидејки нозете ми се добро загреани од предходната вежба овде си дозволувам поголеми оптеретувања. Правам 4 серии со по 6 до 10 повторувања.

Трета вежба во овој програм е екстензија на Лег Курл машина.

Оваа вежба ја работам во 5 серии со кратки паузи од 30-40 секунди и повторувањата се движат од 12-15 во серија.

Последна вежба во овој тренинг е изчекор.

Оваа вежба ја изведувам во 4 серии со повторувања во радиус од 10 во серија.

Од причина што во тој момент моите нозе се многу заморени, одморот помеѓу овие серии ми изнесува од 3-4 минути.

 

 

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player