Совети за почетници PDF Печати Е-пошта

Пред да започнете со тренингот-
Загревајте се и Истегнете се!


Загревањето му помага на вашето тело да се подготви за тоа што го чека, раздвижувајки ја крвта низ организмот, мускулите, зглобовите и постепено зголемувајки ја работата на вашето срце и забрзувањето на пулсот. Ова е важно со цел да се зголеми работната способност, но и да се намалат можностите од повреди.

Загревањето зазема 5-10 минути. Тоа е составено од кардиоваскулрни вежби со низок интензитет, кои ќе предизвикаат блага пот по вашето тело. Секогаш загревајте се пред да започнете со истегнување.

Истегнувајте се пред да започнете со вежбањето. Откако ќе се загреете вашите мускули стануваат топли. Истегнувањето ја подобрува вашата флексибилност, овозможувајки им на лигаментите да се истегнат по целата нивна должина и радиус на движење. Ова е од големо значење за постигнување на целсен мсускулен развој, подобрувајки ги перформансите и заштитувајки ве од повреди.

Истегнете ја секоја мускулна група која планирате да ја вежбате. Направете 2-3 серии на статички истегнувања, задржувајки се во крајните положби 15-30 секунди. Правете лесни и спори движења, избегнувајки трзања и никогаш не го задржувајте го здивот за време на истегнувањата (издишете додека се истегнувате).

Истегнете ја мускулната група која ја вежбате помеѓу две серии. Со ова се подобрува радиусот на движењето и помага при опоравување, доведувајки екстра кислород и хранливи материи во клетките, притоа ослободувајки ги од нуспродуктите на метаболизмот како млечната киселина.

Истегнувајте се после секој тренинг. Ова помага полесно и побрзо да се вратите во сотојба на мирување, но истотака помага во ослободување од мускулни воспаленија како и од здрвеност, вкучанетост на мускулите.

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player