IFBB Европско 2011 PDF Печати Е-пошта

Од 19 до 23 Мај 2011 година, во Софија се одржа редовното Европско првенство во бодибилдинг за мажи на IFBB. Иако се надевавме дека поради одалеченоста од Македонија на овој натпревар ќе учествувамесо поголем број на натпреварувачи, се пак тоа за жал не се случи. Од пријавени тројца и еден делегат, во официјалниот хотел се појавивме само двајца преставници.

И покрај разочарувачко 9-тото место, на минатогодишното европско првенство, оваа година Зоран Колевски, нашиот најдобар натпреварувач, покажа и докажа дека Македонија има сила и знаење за поголеми успеси во европскиот бодибилдинг. Неговата победа не беше во прашање ниту во еден момент од натпреварот. Од самиот почеток на полуфиналето, каде со голема леснотија успеа да влезе меѓу финалистите па се до самото прогласување во финалната вечер во големата сала на НДК во Софија, Бугарија. Зад себе ги остави сите државни Шампиони од остатокот на Европа. Единствен резултат без дамка чистотија и невозможни оцени.

Горост беше да си македонец кога сите покажаа почит кон македонското сонце, националното знаме, при интонирање на македонската национална химна, при прогласувањето на новиот Европски Шампион во бодибилдинг за 2011, во категорија до 85 килограми.

Претседателот на ББФФМ и негов тренер и ментор, Бобан Ѓороски, после натпреварот го изјави следново:

"Последните 10 години сум работел со една голема екипа на бодибилдинг Шампиони од Македонија. Сите од нив (скоро) станале државни победници на Македонија со голема леснотија. Некои од нив имаа можност да победат на Балканско, да освојата одлични места на некои меѓународен турнир, некоик од нив беа победници на Светски натпревари во помали федерации, но оваа победа вечерва, ЕВРОПСКА ТИТУЛА ВО IFBB, ми е од посебно и големо значење.

Победата на Зоки вечерва не беше ниту во еден момент доведена во прашање. Не сакав предвреме да зборувам, да не пререкувам предвреме, но кога ќе ги погледнете резултатите ќе видите дека неговата победа е од почеток до крај чиста како солза. И во полуфиналето и во финалето Зоки беше кај сите 9 судии на првото место.
Победата е уште подрага ако го споредиме минатогодишниот пласман на истото натпреварување. 9-то место. Од 9-то на ПРВО, е нешто за почит."

 
 

Атлета на Македонија 2015

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player